06 Декември, 2025
0.0437

ФОТО: 10 трикови за да направите малата кујна да изгледа поголема

Објавено во: Стил 03 Декември, 2013 22:22

Добивај вести на Viber

Големата и пространа кујна е сон на секој готвач . Во реалноста сепак најчесто куќите имаат малку простор за готвење. Сепак тоа не значи дека тоа не може просторот да се претвори во убава кујна . Кога работите ваков проект, прв и многу важен чекор е донесување на мерките, бидејќи и два сантиметри можат да бидат фатални кај опремувањето на малата кујна . За да се создаде ефикасен дизајн во мал простор , треба да се запазат клучните работи: складирање , осветлување и апарати. Со нивна помош кујната може да се претвори во ефикасно и функционално катче. Еве неколку дизајнерски идеи за мали кујни , кои би ви помогнале во мисијата: Користете помали и компактни апарати. На пример поплиток фрижидер , а микробранова печка можете да вметнете во шкаф, ако не ви остане место да ја ставите на работната плоча. Создадете илузија со светлата Направете ја кујната подолга со помош на плочки поставени во дијагонала Ставете стилски елементи Делот за закуска изгледа како продолжение на кујната! Ставајте елементи кои се движат и влегуваат еден под друг Не ја претрупувајте со мебел Поставете рафтови наместо шкафови и направете си шанк. Ставете светли бои и бојадисајте ги ѕидовите во иста боја со мебелот за да изгледа просторот поголем. Изберете елементи кои ќе го привлечат вниманието кон таванот, така ја ширите кујната.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: