17 Мај, 2024
0.0319

ФОТО: 8-те најдобри хотели со 5 ѕвезди, по невидено ниски цени!

Објавено во: Стил 15 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Луксуз од пет ѕвездички во голем европски хотел на цена за секој џеб?!? И тоа е можно, покажува истражувањето на германскиот портал „Тrivago“, кој прави листа на хотел со пет ѕвездички во најголемите европски градови по зачудувачки ниски цени. Сите овие хотели нудат исклучително добар квалитет за уште подобра цена и се оценети одлични од посетителите. Еве дел од листата, 8 луксузни хотели достапни за сите. Цените за ноќевање почнуваат од 27 евра по човек. Хотел „Boscolo“, Будимпешта, Унгарија Една ноќ во соба во прекрасниот хотел во Будимпешта чини само 34 евра.Хотелот со мермерни и бронзени украси се наоѓа точно веднаш до трговските улици, како и само неколку минути од реката Дунав. Хотел „Real Palácio“, Лисабон, Португалија Луксузниот хотел во центарот на португалската престолнина Лисабон е комбинација од модерен дизајн и носталгичното минато.Собите се во топли бои беж, а  само 27 евра по лице чини ноќевање во двокреветна соба. Хотел „Rialto“, Варшава, Полска Хотелот е во близина на многу атракции и споменици, во историскиот центар на градот. Ноќевање може да се резервира по цена од 31 евра по лице, вклучувајќи и појадок. „Hilton Helsinki Strand“, Хелсинки, Финска Директно на Балтичко Море се наоѓа Хилтон. Ресторанот нуди уникатна глетка кон морето, а посетителите му можат да уживаат на финските специјалитети, како лососот.  Собите се големи, а нивната цената по лице, за една ноќ е 45 евра. Хотел „Okura“, Амстердам Тивки и мирни ноќи со поглед кон Амстердам - тоа може да очекувате како гости на овој хотел. Хотелот е во близина на куќата на Ана Франк и црквата „Oude Kerk“. Ноќевање чини 49 евра по човек. Хотел „Pullman Cologne“, Келн, Германија Хотелот е со централна локација и е идеална почетна точка за разгледување на градот. Најинтересното кај него е ресторанот на дванаесеттиот кат со прекрасен поглед кон Келнската катедрала. Чини  48 евра по лице. Хотел „Hoffmeister“, Прага, Чешка Во подножјето на старите скали на замокот и во близина на историскиот центар на Прага се наоѓа овој елегантен хотел. Во собите, доминираат белата и беж боја. Има спа центар, чија турска бања се наоѓа во пештера од ХІІ век. Собите почнуваат по цени од 35 евра по лице, вклучувајќи и појадок. Хотел „Silken Puerta América“, Мадрид Дизајнерскиот хотел е добра почетна точка за посета на дворецот на шпанското кралско семејство. Секој од дванаесетте ката на хотелот е дизајниран од познати уметници. Во индивидуално дизајнираните  соби ќе најдете цветни позадини, црвени теписи, па дури и тркалезни легла.  Една таква соба може да биде ваша  по цена од 43 евра.