(ФОТО) Ако не ги видовте летово, погледнете ги сега: Убавините на Лефкада!
Објавено во: Стил 16 Септември, 2014 20:59
Лефкада е остров во соседна Грција кој е оддалечен 542 км од Македонија и е четврт по големина остров на Јонското Море. Градот Лефкас кој иако е пристаниште, со илјадниците бели едра на прекрасните едрилици, надалеку е познат како една од најголемите природни марини во Средоземјето.Јонскиот брег е опкружен со плажи од недопрената природа, разнобојни пејсажи, чист планински воздух и уникатната глетка на зајдисонцето. Сурфинг центарот во јужниот дел на Лефкада, како и можноста за “екстремен” сурфинг со падобран на северниот дел од островот, го вбројуваат во самиот врв на атрактивните дестинации. Јуни е најубавиот период да се посети Лефкада.
Најубавите плажи кои мора да ги посетите доколку ја одберете оваа дестинација се:
Porto Kaciki: Оваа плажа е една од главните атракции во Грција и е прогласена меѓу шесте најубави плажи на Медитеранот.Самата плажа краси со својата специфичност на тиркизната боја на морето и е лоцирана на 45км југозападно од островот близу местото Athani.
Egremni: Оваа плажа е лоцирана на југозападниот брег од островот. Плажата е карактеристична затоа што е најдолга и преубавата глетка на карпестиот дел, до која може да се стигне преку 350 стрмни скали.
Мylos: Мylos е прекрасна плажа лоцирана 14км југозападно од градот Лефкада, помеѓу бреговите Агиос Никитас и Катизма. До оваа плажа се стасува преку планински дел или со брод. Плажата е опкружена со карпи и зелена позадина што создаваат неверојатна глетка. Oбласта е целосно издвоена и е идеално место за оние кои сакаат да поминат некои релаксирачки и мирни моменти на овој популарен остров.
Megali Petra: Megali Petra е една од плажите што секој мора да ја посети штом стигне во Лефкада. Прекрасна плажа за релаксација, лесно достапна а воедно името и потекнува од големите карпи кои можат да се забележат покрај самата обала. Таа е лоцирана на 15км западно од Chora близу Kalamitsi.
Agiofili: Оваа плажа е лоцирана на 38км јужно од градот Лефкада блиску до местото Vasiliki. Таа е една од најтешко достапните плажи доколку се решите да одите со кола, а има можност да се посети со брод кој трга од пристаништето во Vasiliki. Воедно е една од најчистите плажи која изобилува со кристално чиста вода и бел песок. Опкружена е со бели карпи кои создаваат пријатно чувство и изолираност.
Како вечерни дестинации за прошетка може да се посетат градовите Лефкада и Василики. Лефкада е прочуена по убавиот поглед на зајдисонцето, глетка која ќе го воодушеви секого, а како наш избор на ресторан е Rachi каде може да се одморите и да уживате во погледот на зајдисонцето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:









