05 Декември, 2025
0.0461

ФОТО: Авангардна еко-архитектура

Објавено во: Стил 12 Декември, 2012 20:04

Добивај вести на Viber

Зграда со турбини на ветер и печки со вградена ски писта!?! Данскиот архитект Бјарке Ингелс го создаде термин за комбинацијата на дизајнот и екологијата во една хедонистички одржлива архитектура. Тој е убеден дека еко-архитектурата може да се развива само ако е забавна и иновативна, пишува германскиот портал Зеит. Еве 5 врвни примероци на еко-архитектура од целиот свет кои си најдоа свое место во публикацијата „Green Architecture Now! Vol.2“: 1. „Amager Bakke Waste-to-Energy Plant“, Копенхаген, Данска „Печките имаат реален проблем со нивниот имиџ", тврди Бјарке Ингелс. Затоа тој има проектирано огромна ски патека на покривот на еден таков еко објект во Копенхаген. 2. „Clifftop House“, Мауи, Хаваи Куќата изгледа исто како да израстува од грандиозниот пејзаж на островот Мауи. Концептот за природна вентилација ја прави климатизацијата целосно непотребна. 3. „Squish Studio“, Њукауфленд, Канада Необичната форма на „Squish Studio“ служи како заштита од силните северноатлантски ветрови . 4. „Alésia Museum and Archeological Park“, Алесија, Франција По стапките на битката помеѓу Јулиј Цезар и галите 52-рата година пред новата ера: Францускиот музеј Aлесија е модерна интерпретација на тврдините од тогашното време. 5. „Green Home“ во Јужна Кореја Оваа куќа во Јужна Кореја ги користи најоптимално сите природни ресурси и се снабдува со енергија преку сонцето, водата и силата на ветерот. Тоа е првиот дом со сертификат на "пасивна" куќа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: