20 Декември, 2025
0.0767

(ФОТО) Бинго како во старите добри времиња

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2013 14:20

Добивај вести на Viber

Во понеделникот се одржа првата БИНГО ВЕЧЕР во ресторан Бела. Во присуство од над 300 гости во прекрасен амбиент се гледаше и играше Бинго, како во старите добри времиња, но со нов динамичен и модерен ритам. Сите гости кои пристигнаа во ресторанот Бела пред почетокот на извлекувањето, уште на влезот на раскошната сала, беа дочекани од љубезниот персонал и прекрасните хостеси со подарок уплатена БИНГО БУМ картичка и чаша специјален коктел пијалак БИНГО БУМ. Меѓу гостите беа Есма Реџепова, Драган Вучиќ, претставници на Фондацијата Есма и Стево Теодосиевски како и други видни личности од деловниот свет и македонската естрада, а гостинка од Австралија го прослави својот 57-ми роденден. Покрај во убавиот амбиент и добрата забава, гостите уживаа и во гурманските специјалитети подготвени и прекрасно декорирани од врвните мајстори на кујната на ресторан Бела. Атмосферата до очекувањето на почеток на емисијата ја загреваше групата Компас. Преносот на ТВ емисијата на МРТ1 се следеше на големо платно и внимателно се заокружуваа бројчињата на среќните БИНГО БУМ картички. Возбудата растеше со приближувањето на крајот на извлекувањето посебно што во салата двајца од присутните гости имаа по 13, а двајца по 14 погодоци во една комбинација и беа навистина блиску до добивката БИНГО БУМ. По завршувањето на емисијата на присутните им се придружи екипата на емисијата Време за среќа со сите членови на групата Биоритам на чело со водителите Марјана Станојковска и Виктор Петров - Викса и забавата продолжи, со што покрај добитниците на 13ки и 14ки сите кои заминаа дома ја понесоа со себе најважната добивка - среќните мигови на забава, дружење и добро расположение. Ова беше навистина пример дека понеделниците може да се наменат за среќа, уживање и забава, доколку сте на вистинското место. Следната БИНГО ВЕЧЕР ќе се одржи на 9ти декември кога се планираат дополнителни изненадувања за Бинго играчите кои на време ќе се пријават за играње Бинго во ресторанот Бела. БИНГО БУМ е вистинската игра за дружење, забава и добивки, Ве покануваме да се вклучите и вие.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии