05 Декември, 2025
0.0354

(ФОТО) Британскиот принц Луи наполни 1 годинка

Објавено во: Стил 23 Април, 2019 11:08

Добивај вести на Viber

Британскиот принц Луи, најмалото дете на Кејт и Вилијам денес слави роденден.  По тој повод излегоа и првите официјални слики од најмалиот принц.

Овие први слики од Луи беа очекувани, бидејќи на сличен начин ги одбележаа и првите родендени и на принцот Џорџ и на принцезата Шарлот.



На сликите јасно се гледа како најмалото дете на војводката од Кембриџ е среќно и многу симпатично дете.



Претходната официјална слика направена од принцот Луи беше направена непосредно пред Божиќ и истата беше распостранета во јавноста на само неколку дена пред празникот Христово Раѓање.


Муи Артур Чарлс е петти по ред наследник на британскиот трон.

Луи е правнук на британската кралица Елизабета втора, која пред само два дена го славеше својот 93 роденден.

Фото ЕПА/БГНЕС

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: