16 Мај, 2024
0.0548

ФОТО ЦАРИНСКИ ПЛЕН: Шверцувале и лозова ракија, ама и пудри за избелување и потемнување

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Девизи, производи за нега на заби и лице, домашна ракија, ароматизиран тутун за наргиле, цигари и автоделови, задржала Царинската управа воизминативе две недели. 

Од пари задржани се 15.000 евра, 328 производи за нега на заби (сетови за избелување, четки, гелови и пудри) и 7 производи за нега на лице (маски и средства за потемнување на кожа). 


Овие проозводи биле во германски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца германски државјани. Производите за нега на заби и лице биле пронајдени во багажникот и на задното седиште на возилото, додека во рачна торбичка сокриена под совозачкото седиште биле пронајдени 35.000 евра, за кои патниците изјавиле дека се по половина сопственост на едниот и другиот патник. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека непријавените производи и 15.000 евра биле привремено задржани. Против патниците се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.


Царината фатила и 480 литри домашна лозова ракија и 40 литри домашна мастика, откриени од страна на полициски службеници од СВР Велес, при контрола на македонско патничко комбе управувано од македонски државјанин. 


Фатени се и 100 килограми ароматизиран тутун за наргиле (100 пакувања по 1 килограм), откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. 


Дел од пакувањата со тутун биле пронајдени во багажникот, кај просторот за резервна гума, покриени со облека, а дел во кеси од храна за кучиња сместени под возачкото и пред совозачкото седиште и покриени со облека. Непријавениот тутун е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.


Царината фатила и неколку дестици штеки цигари, но и автоделови и цигари. Мобилните царински тимови откриле 9 илегални мигранти во босански камион, паркиран во јавен царински склад во Скопје. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА