06 Декември, 2025
0.2491

(ФОТО) Чудните тоалети во Сочи – еве што се е забрането!

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2014 13:22

Добивај вести на Viber

Подготовките за Зимските олимписки игри во Сочи влегуваат во завршна фаза, а спортистите од сите земји во светот се собираат во руското одморалиште кое од петок ќе биде средиште на спортските случувања. Но, гостите од целиот свет кои доаѓаат во Сочи, веројатно најзачудени се од олимписките тоалети. Откако пред неколку дена беа објавени фотографии на тоалети со две ве-це школки, денеска уште едно нешто предизвика масовни реакции и коментари на социјалните мрежи. Канадскиот сноубордер Себастијан Тутан ги сними со мобилен телефон забраните во тоалетите и ги закачи на „Твитер“, а таму тие станаа предмет на потсмев. Ограничувањата се илустрирани со слики, со цел да бидат разбирливи за сите. Илустрираните забрани покажуваат дека спортистите и гостите на Олимписките игри, не смеат да уринираат стоејќи над тоалетот. Забрането е качување и стапнување врз тоалетната школка, како и повраќање и дрогирање во тоалетните кабини. Но, најчудна од сите забрани е илустрацијата со која се забранува ловење на нешто од тоалетите со трска!

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: