06 Декември, 2025
0.3906

(ФОТО) Црква претворена во луксузна лондонска куќа

Објавено во: Стил 04 Ноември, 2013 15:50

Добивај вести на Viber

Објектот во кој што луѓето некогаш се молеле и доаѓале да ги искажат своите гревови, денес е претворен во луксузен дом кој вреди повеќе од 50 милиони фунти. Во поранешната црква, сместена во Најтсбриџ во Лондон, денес се наоѓаат луксузниот базен, барот, луксузната сала и прекрасните соби. Пред 15 години оваа градба бискупите во Лондон ја продале за сума од милион фунти затоа што парите итно им биле потребни. Црквата ја купил писателот Алаин Боубли и истата ја претворил во свој четирикатен дом во кој што направил и базен. Тој го продал својот дом во 2009 година на непознат италијански бизнисмен, по цена од 13,5 милиони фунти. Новиот сопственик ја реновирал куќата, а еден дел од истата е одвоен и денес се користи за богослужба и за социјални активности. Кој е богатиот бизнисмен кој успеал себеси да си дозволи луксузен дом кој сега вреди 50 милиони фунти никој не знае. Но, фотографиите се доказ дека станува збор за навистина модерна и со стил уредена раскошна куќа во која што се наоѓаат седум спални соби, пространи простории, сауна, базен, теретана, бар...  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: