18 Мај, 2024
0.0271

(ФОТО) Дали ова патување вреди 120.000 евра?

Објавено во: Стил 12 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Поради се поголемото интересирање на луѓето за истражување на арктичките предели, за две години тргнува првото патување со крузер до тоа подрачје.

Ова единствено искуство патниците ќе ги чини од 16 до 120.000 евра, пишува CNN. Големиот крузер го планира првото патување во 2016 година со 900 патници, а планот е да поминат низ арктичкиот Сверозападен премин.

„Досега низ овој премин поминале многу помалку експедиции, дури и некои комерцијални бродови, но никогаш крузер. Наместо 100, сепак ќе имаме 900 луѓе“, рекол потпретседателот на „Crystal Cruisesa“ Томас Мазлоу, задолжен и за планирањето на патот.

Тим Сопер ја има задачата крузерот безбедно да помине низ Преминот, а веќе слично искуство имал со бродот „The World“ пред две години: „The World“ има слични пропорции како и крузер, но сепак имаше помалку патници, околу 250, и уште толку членови на екипажот“.

Оваа авантура е предвидено да започне на 16 август 2016 а „Crystal Cruisesa“ крузерот ќе тргне на пат низ Сверозападниот премин, кој ќе ја поврзе мапата од Енкориџ на Алјаска до Њујорк. Секако дека ова крстарење е распродадено, но организаторот и понатаму птави „стендбај“ листа во случај некој да се откаже од 32-дневната авантура.