19 Декември, 2025
0.0645

(ФОТО) Даночната пријава со нов изглед, ќе може и да се коригира

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Годишната даночна пријава за персонален данок на доход која УЈП ќе ја испраќа до граѓаните ќе има празни полиња на кој даночниот обврзник може да изврши корекција на испратените податоци, доколку не ги потврдува истите, откако министерот за финансии Драган Тевдовски го потпиша правилникот за нејзиниот изглед, пополнување и доставување. Оваа даночна пријава ќе ја замени старата која важеше со години пред да биде донесен новиот закон за персонален данок на личен доход што стапува на сила од 1 јануари годинава.

Пријавата ќе биде испратена со веќе пополнети податоци најдоцна до 30 април во тековната година за приходите остварени од претходната. До 30 мај ќе може да се коригира, а доколку не е направено тоа, УЈП на 31 мај ќе смета дека е прифатена од страна на граѓанинот без корекција. Доколку направиме корекција на сумата, УЈП од 31 мај па до наредните 60 дена треба да ни одговори повратно дали евентуалната забелешка на сумата се прифаќа.

Во пријавата ќе има збир од приходите од плата, лични примања, приходи од имот, самостојна дејност, продажба на сопствени земјоделски производи, авторски права, капитал, капитални добивки, игри на среќа.

Даночниот обврзник ќе може да ја потврди даночната пријава или да ја активира опцијата„ Коригирам“ доколку смета дека испратените податоци не се совпаѓаат со остварените вкупни приходи, износот на искористените одбитоци и платените аконтации на персоналниот данок на доход во наведениот даночен период (календарска година) и да ги внесе коригираните износи.

УЈП ја доставува пополнетата годишна даночна пријава до граѓаните преку системот „e-Персонален данок”, но и во хартиена форма. 

Во продолжение образецот на кој ќе ја добиеме сумата од персоналниот данок на доход и упатството за корекцја.                                                      Александар Кузмановски



Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?