18 Мај, 2024
0.0375

(ФОТО) Декорирајте го домот во духот на есента

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Искористете ги есенските плодови и декорирајте го својот дома во топлите бои на есента. Ви прикажуваме неколку идеи како да ве инспирира златната есен и во вашиот дом.

1. Есен во тегла

 Совршената есенска сценографија креирајте ја сами и љубоморно заклучете ја во тегла, за да можете секогаш да уживате во есенските сцени. Пуштете ја фантазијата по желба и креирајте го своето кралство, а ќе ви биде потребна тегла или украсен стаклен сад, која ќе има функција на мини терариум. Можете да искористите дури и стаклено ѕвоно за колачи. Во плиток сад засадете трева или мов, која ќе има декоративна функција. Потоа украсете по желба, мини тиквичките ќе бидат идеалн, а можете да додадете и есенски листови, кои на овој украс ќе му дадат нереални бои.

2. Декоративно јаже

Имитирајте канделиер така што наместо светилки ќе ставите разнобојни листови. Од материјал ви се потребни неколку еднакви стаклени тегли и обично јаже кое ќе дејствува украсно. Направете дупка на капакот на секоја стаклена тегла. Внесете го јажето низ дупката, па потоа врзете јазол и прицврстете ги на тавнче или покрај прозорот.

3. Снопови жито

Внесете ги сноповите живо во вашиот дом и закачете ги на ѕидовите или на оградата на степениците. Наберете украсни треви или житарици и изушете ги. Потоа направете снопови и врзете ги со трака или со лента од листови во разни бои.

4. Разнобојно венче

Разубавете ја старата рамка така што ќе направите украсно венче. Кога го правите венчето пуштете ја фантазијата, поиграјте си со разни гранки, листови, суви билки и цвеќиња, зачински билки, тревки или сушени овошки.

5.Прекрасни свеќници

Замотајте чаша или стаклен свеќник во суви листови од пченка или некое друго растение. Заобиколете го свеќникот со коноп (јаже) неколкупати, така да ги прицврстите листовите на билките. На крај вметнете перо, и ќе ги воодушевите сите гости и блиски со својата декорација.