23 Април, 2024
0.0239

ФОТО: Десетте најбизарни зимски спортови!

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Дали ја сакате зимата и снегот или не, зимските радости пружаат многу можности, од класични, бизарни, до олимписки активности и спортови. Ако сте заситени од скијање и бордање, време е да проучите некои нови опции.

Едрење на мраз

На пример, ако во зима посакате да едрите, но езерото во вашиот крај се замрзнало, а немате море во близина. Нема проблем, секогаш имате едрење на мраз. И не, нема да ве сметаат за лудак, тој спорт и тоа како се практикува. Принципот отприлика е ист како кај вообичаеното едрење, но со посебно изработени едрилици, кои фино се лизгаат по замрзнати површини. Иако е најраспространето во САД и Канада, не се плашете, се практикува и во Австрија, Германија, Велика Британија, Полска, Норвешка, Шведска и Финска. Па каде ќе стигнете, таму...

Трка на лопати

Ако сте мислеле дека скијањето или бордањето е адреналински спорт, тогаш не сте пробале тркање на лопати. Значи, како да се спуштате на вреќи, само можеби малку постабилно. Тркачите одбираат убаво снежно брдо, а меѓу нив и нивните задници се наоѓа само тенка лопата. И да нема забуна, порано беше вообичаен дел од Икс гејмс, но дисциплината е укината поради страв за безбедноста на натпреварувачите. Скијоринг За жал, не го откривме преводот на оваа спортска дисциплина, но поентата е во тоа што скијорингот го спојува скијањето и коњите. Како, се прашувате. Така што во некои делови од светот кучешката запрега едноставно ја заменија со коњи, а санките со скии. И сега имате многу ентузијасти кои закачуваат скии на нозе и се фаќаат за коњи и останатото им го препуштаат на нив. Не треба да се потенцира дека прицврстувањето на стомакот за животното е многу полудо од обичното возење на санки кои ги влечат кучиња. Пливање во замрзнато езеро Иако повеќе се работи за активност или дури и лудост, а помалку за спорт, ова всушност е вежба на физичка издржливост и сигурно не е за тие со слабо срце. Освен физичка подготвеност, треба и одредена доза на храброст, бидејќи кога на минус ќе излезете во гаќички, тешко дека ќе ви биде сеедно и дека со леснотија ќе скокнете во вода додека влакната ви замрзнуваат. Кајак на снег

Освен едрење, уште еден класичен летен спорт се пресели на снежните падини, возење на кајак. Кајакот е убаво премачкан со восок и лизга како на мраз, па освен малку лудост треба и малку знаење како да се управува со него. Иако се смета за екстремен спорт, малку скијачи си го дозволуваат тој луксуз. Но, се уште постојат професионални трки кои дури вклучуваат висини, кривини и секакви други пречки. Па, кој сака нека повели...

 

Тепање со топки снег

Ако мислевте дека ова е измислено во паркот преку патот и дека е резервирано само за забава, гадно сте се измамиле и веројатно никогаш не сте слушнале за Хукигашен. Се работи за серизоно натпреварување кое секоја година се одржува во Јапонија, а се прошири и во остатокот од светот. Натпреварите се тимски, правилата се едноставни, а екипите се толку сериозни што имаат свои спонзори, дресови, кациги и цела останата опрема. Не би не чудело наскоро да стане и олимписки спорт.

Скелетон За да не излезе дека не ја цениме бизарноста на олимписките спортови, скелетон е еден од тие кои се најде на таа листа, но дефинитивно влегува и на нашата. Натпреварувачите се лизгаат на гради на мали метални санки, а со нив управуваат со движење на телото. Можеби не звучи како нешто претерано екстремно или бизарно, но ако ви кажам дека тие се спуштаат на глава со брзина од 140 километри на час, тогаш не треба ништо да се зборува. Фестивал на фрлање на кози Шпанија дефинитивно е земја која сака бизарни фестивали. Овој пример не е толку поврзан за снегот, но се одржува секоја четврта недела во јануари, па сфативме дека е корисно да се спомне. Жителите на малиот град Манганесес де ла Полворосе се собираат за да фрлаат кози. Што е најдобро, фестивалот постои толку долго што веќе и никој не знае како и кога почнал. Дел од учесниците фрлаат кози од врв на локална црква, а останатите ги дочекуваат и фаќаат. Иако властите го забранија овој традиционален настан, локалците тоа упорно го занемаруваат, а сметајќи дека има многу малку податоци за вистинско страдање на козите, нема да се мешаме во традицијата. Фрлање во замрзната кал

Секако, Јапонците се светски асови во бизарности, во што се вбројува и нивниот фестивал на фрлање во замрзната кал или Даирокутен-но-Хадака Матсури. Се одржува секој февруари и речиси голи возрасни мажи, велиме речиси голи бидејќи на себе имаат само пелени за возрасни, се фрлаат во замрзната кал и потоа меѓусебно се маваат со калта. Претпоставувам дека се работи за некое погрешно сфаќање за зголемување на тестостероните и вежбање на бицепсите на бизарен начин.

Пицигин на Бачвице

Сега веќе традиционално на 1 февруари на сплитската градска плажа Бачвице се наоѓаат и неколку десетина ентузијасти кои се одлучуваат да се соблечат на минус, да влезат во морето и да заиграат пицигин. Ете, и ние имаме коњи за трка.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган