19 Април, 2024
0.0834

ФОТО: Еве каде познатите парови го слават Свети Валентин!

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Убавите парови секогаш го привлекуваат вниманиет, па кога тие се познати во нивната врска се вложуваат милиони долари. А денот на вљубените е вистински празник за трошење пари. Затоа Ви откриваме каде најпознатите парови ќе го поминат најромантичниот празник во годината! Ема Стоун и Ендрју Гарфилд  Човекот-пајак цврсто цврсто ја заплетка Ема во својата "пајажина". Тие се запознаа на снимањето на новиот филм за авантурите на супер херојот и оттогаш се неразделни. Гарфилд живееше предходно во стан во Њујорк, но не толку одамна се пресели во куќа во Беверли Хилс. Вилата е заобиколенa од висока жива ограда, кој ги заштитува ѕвезвите од љубопитните очи. Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон  Ѕвездите на популарната вампирска сага „Самрак" ги негираат гласините за разделба и се уште остануваат еден од најпопуларните парови во Холивуд. Тие имаат две соседни куќи, поделени само со ниска ограда. Дворот на главната куќа која му припаѓа на Патинсон е вистински зелен рај. Мила Кунис и Ештон Качер  Наскоро откако Ештон Качер и Деми Мур се разделија, тој купи луксузен дом во Холивуд Хилс. Необичната куќа со базен, сместена зад висока ограда, успева да ја скрие од очите на папараците неговата нова страст Мила Кунис - американска актерка од украински потекло. Џенифер Анистон и Џастин Теру Џенифер Анистон и Џастин Теру се сретнаа на снимање во 2010 година, а на почетокот на 2012 година купија имот во близина на Лос Анџелес. Куќата со базен е толку добро скриена во зеленилото, што никој не може да и го наруши мирот на среќната двојка. Оливија Вајлд и Џејсон Судекис  Ѕвездата на "Д-р Хаус" Оливија Вајлд го продаде својот дом во Лос Анџелес и се пресели во Њујорк, за да биде поблиску до својот вереник комичар Џејсон Судекис. Во Менхетн двојката има убав стан со дневна соба, две спални и прекрасен поглед на градот. Џесика Бил и Џастин Тимберлејк  Сопружниците, пејачот и актер Џастин Тимберлејк и актерката Џесика Бил, по свадбата се преместија во Њујорк, каде Тимберлејк има луксузен модерен апартман во Сохо. Посебен систем од ролети и затемнети стакла на прозорците од станот ја прави двојката недостапна за љубопитните очи.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре