15 Декември, 2025
0.0485

(ФОТО) „Европа Ре“ презнтираше „CAT Monitor“ интернет портал

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2014 18:21

Добивај вести на Viber

Во предвечерието од годишнината од Скопскиот катастрофален земјотрес, компанијата Европа Ре ја презентираше CAT monitor (КАТ-монитор) интернет страница преку која сите заинтересирани граѓани и компании ќе можат на едноставен и брз начин, бесплатно да добијат информации за изложеноста на нивната куќа, зграда или деловен објект на ризик од земјотрес и на таков начин лесно и едноставно да ги проценат потребите за осигурување од вакви ризици.

За жал, никој не може да предвиди кога може да се случи земјотрес. Тој може да го погоди секого, да се случат во секоја заедница и во кое било време, без предупредување.  Она што сепак можеме е да се информираме за ризикот од него, како и за начинот како да ги намалиме последиците кои можат да бидат огромни. Затоа ги повикувам граѓаните да ја користат оваа бесплатна интернет страница и да ги добијат сите информации околу тоа како да го заштита нивниот имот од ефектите на природните катастрофи“, вели Андреј Ѓокиќ од претставништвото на Европа Ре во Македонија, потенцирајќи дека токму едукација на населението и бизнис секторот за изложеноста на ризиците од природни и временски непогоди е значаен дел од мисијата на Европа Ре.

Конкретно преку CAT Monitor веб – страницата секој граѓанин може да добие извештај за ризикот од земјотреси, како и проценка за потребата од осигурување, базирана на локацијата, староста и видот на имотот од градежен аспект.  Дополнително, преку оваа интернет страница, регистрираните корисници можат да бидат известени во случај на природни катастрофи и временски непогоди, како и информации во врска со безбедноста и сеизмичката издржливост на училиштата и болниците во локалната заедница.

Покрај граѓаните и компаниите, како корисници на податоците од CAT monitor страницата можат да бидат и државните институции за урбанистичко планирање, инженерите и архитектите, локалната власт и агенциите вклучени во системите за справување со ризици од природни катастрофи кои со помош на мапите и податоците од CAT Monitor порталот добиваат корисни информации за реагирање во случај на природна катастрофа, подобрување на практиките за управување со ризик, како и при планирањето и изградбата на нови објекти.

Инаку, се проценува дека во случај на голема  природна катастрофа, каква што беше земјотресот  што го погоди Скопје на 26 јули 1963, економските штети може да достигнат до 40% од БДП. Експертите се согласни дека најефикасен начин за покривање на материјалните штети кои би настанале при земјотрес е осигурувањето. И покрај тоа сега само едно до две од 100 домаќинства во Македонија и регионот поседуваат некакво осигурување од природни катастрофи. Ваквата состојба се должи меѓу другото и на недоволна свесност кај поголемиот дел од населението за ризиците од природни катастрофи која се темели на заблуди од типот дека „природните несреќи се далеку од нас“ односно „тоа нема нас да ни се случи“, но и на недоволно развиената пазарна инфраструктура за осигурување од природни катастрофи во регионот на Ј-И Европа.  Заради поттикување на развојот на пазарот на осигурување од природни катастрофи, Владите на Македонија, Србија и Албанија ја формираа реосигурителната компанија Европа Ре, со седиште во Швацарија, која е подржана од поддржана од Светска банка, Европската унија, Обединетите нации и други глобални институции. Основаната задача на Европа Ре е да развие пристапни полиси за осигурување од природни катастрофи кои понатаму ќе се продаваат преку локални акредитирани осигурителни компании.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија