06 Декември, 2025
0.0768

ФОТО: Евтина куќа за бегство од секојдневието

Објавено во: Стил 18 Декември, 2013 22:59

Добивај вести на Viber

Проектантската фирма Abaton е убедена дека да се има изолирано скривалиште никогаш не било полесно, посебно по излегувањето на серијата мали домови кои можат да бидат транспортирани и поставени речиси насекаде. Идеални се за употреба како шумска колиба или вила , минималистичките станови од серијата ÁPH80 ги задржуваат пропорциите на поголема куќа , бидејќи се дизајнирани да обезбедат чувство на просторност и удобност. Архитектите успеале да вклопат дневна, кујна , комплетно опремена бања и спална соба со брачен кревет во само 27 квадратни метри. Големите надворешни прозорци ја поврзуваат природата со внатрешноста на куќата и како да ги повикуваат станарите да се прошетаат надвор. Куќата е  полесна отколку што изгледа, бидејќи цврсто дрво е користео само за структурата и внатрешните површини , додека однадвор е покриена со дрвени табли. Тие вршат двојна функција и служат како капаци на прозорците. Кога се затворени, сивите панели целосно ја изолираат куќата од надворешниот свет.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: