(ФОТО) Фасцинантни европски села
Објавено во: Стил 01 Јуни, 2014 19:29
Стар шарм, калдрми, љубезни домаќини, зачувани градби, интересна мешавина на архитектонски стилови, сето тоа го нудат европските села. Се развивале постепено, а сепак го сочувале она по што се познати - духот на минатото се чувствува на секој чекор. Со помош на сајтот travel.yahoo издвоивме неколку од нив само за вас.
Обидос, Португалија (Óbidos) - Овој град се наоѓа на врвот на ридот, опкружен со силни ѕидови, е вистински пример за средновековната архитектура. Неговите улици, плоштади, дворци се популарна туристичка дестинација. Долж кривите улички се наоѓаат ресторани и кафе барови. Секој јули во Обидос се одржува традиционален средновековен пазар.
Каменот на Рајна, Швајцарија (Stein am Rhein) - Во овој град се наоѓа добро зачуваниот средновековен дворец. А средновековниот дел од градот е претворен во пешачка зона. Голем број објекти кои се дел од швајцарското национално наследство, се наоѓаат токму во овој град. Тоа се три цркви: манастирската црква Св. Георг, поранешениот бенедиктански манастир Св. Георгеан и Замок црквата. Верувајте списокот е многу долг.
Долен Слотер, Англија (Lower Slaughter) - Ова англиско село е изградено на двата брега на реката Ока. Во традиционалните куќи од 18 и 19 век живеат вкупно 200 жители. Шармот на ова место го прави фабриката од 1800 година. Млинот е изграден од црвени тули.
Мурно ам Штафелзе, Германија (Murnau am Staffelsee) - Првите податоци за ова германско место потекнуваат од 1150 година, големиот пожар кој се случи во 1835 година целосно го уништи градот, но тој е обновен. Преубавите тесни улички на овоа место ги инспирирале угледните сликари Кандид и Мантер за сликање на нивните дела. Поради тоа местово може да се смета за село на уметниците.
Кадакуес, Шпанија (Cadaques) - Ова село завзема посебно место во историјата на уметноста. Овде живеел првиот модерен уметник, Меи Френ, кој доста од неговите изработки ги поклонил на селото. Исто така и Салвадор Дали бил чест гостин на ова место. Останатите значајни уметници кои се шетале и му се восхитувале биле: Пабло Пикасо, Џоан Миро, Марсел Дишан, Мелина Меркур... Во селцето се наоѓаат: куќа-музејот на Салвадор Дали, црквата Св. Марија...
Леванзо, Сицилија - Овој интересен остров завзема површина од само 6 км2 и има околу 450 жители. Жителите од ова место живеат воглавно околу малото пристаниште. Леванзо се наоѓа западно од Сицилија, и е вистинско скривалиште за мир и спокој, идеално место за љубителите на природата. На северниот дел од островот се скриени мали потоци, а на јужната страна е преубавиот залив Кала Догана, од чија кристална вода, најчиста на оваа страна на островот застанува здивот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:










