29 Април, 2024
0.0257

ФОТО: Футуристички објекти на Земјата

Објавено во: Стил 08 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Човештвото одамна постигна согласност по прашањето дека ако има вселенски бродови, тие ќе бидат нужно тркалезни и ќе личат на чинија. Оваа форма ги инспирираше и архитектите кои создаваат канцеларии, футуристички културни центри, сали па дури и куќи. Дел од нив ќе ве остават без здив: Куќа „Мини НЛО" Компанијата „dmVa Architecten“ создала голем број футуристички проекти, вклучувајќи и „Blob“ кој изгледа како огромно праисториско јајце или вселенски брод. Внатре има кујна, бања и легло, а вратата во предниот дел на бродот се претвора простор каде што може да се скриете од сонцето. Со големина на приколка, оваа НЛО куќа може лесно да се качи на тркала и да пренесува на друо место. Изложбен салон „Chanel Mobile Art Pavilion“ Креиран од Заха Адид за модната куќа Шанел, овој изложбен салон го обиколи светот од Токио до Њујорк, пред да биде преселен пред Арапскиот институт во Париз. Фасадата е направена од пластика, 74 тони челик и над 1750 алуминиумски профили. Вештачката светлина која се прекршува во овалните ѕидови на зградата прави изложените  инсталации да добијат нов живот. Салата „Parco Della Musica“ Зградата на културниот центар „Parco Della Musica“ во Рим е проект на италијанскиот архитект Ренцо Пано. Трите концерни сали во комплексот се распоредени на начин на кој објектот треба постигне подобра звучна изолација меѓу нив. „Dalian International Conference Center“ во Далиан, Кина Меѓународниот трговски центар Dalian International Conference Center во кинескиот град Делјан е дизајниран од страна на австралиската компанија „Coop Himmelb“. Изградбата на комплексот од бетон и челик  започна во 2003 година и заврши дури во март оваа година, со петгодишно одложување. Резултатот е модерна зграда со концертна сала со 1 600 места и конференциска сала за 2 500 делегати, неколку галерии и канцеларии.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти