ФОТО: Газпром гради пристаниште и цел комплекс во Санкт Петербург
Објавено во: Стил 10 Мај, 2013 21:27

Во рамките на проектот ќе биде изградена централната зграда со административни канцеларии и конференциски сали, затворен магацин за чамци, станбен простор, паркинзи, како и марина и светилник за јахтите.

Во рамките на проектот ќе има и центар за едрилици на неколку нивоа, 47-метарска телевизиска кула и ексклузивен седумкатен хотел со 65 луксузни соби и 5 ВИП апартмани.
Јахта клубот на Газпром ќе биде наменет за спроведување на меѓународни манифестации, натпревари со моторни чамци, прием на меѓународни регати и фестивали, изложби на јахти, концерти и др.
Преместувањето на компанијата во Санкт Петербург предизвика заживување на пазарот на домување. Газпром го гради и бизнис центарот "Лахти-центар" на брегот на Финскиот залив. Во иднина тука ќе се пренесе седиштето на гасниот гигант.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





