23 Октомври, 2019
0.0221

(ФОТО) Гламур за на селска чешма: Стилот на „Манаки“

Објавено во: Стил 16 Септември, 2019

Припиените костимчиња си ги носите и за на работа и за на црвен килим?


Многупати сме истакнале дека не сме Холивуд, ама тоа не значи дека сме Боливуд! Вистина е дека не секој овде може да си дозволи убави и скапи парчиња облека, но и со тоа што располагаме треба да знаеме да му дадеме вредност. А тоа ни оддалеку не значи дека тие што се облекуваат скапо имаат поим за осет, естетика и модна култура. Токму последново фали во сите слоеви на нашето општество. Не дека модата и убавото, автентично облекување ќе не’ подигне од мизеријата која не’ опкружува, но ако се потрудиме нема да се остави таков впечаток.

Фестивалот на филмската камера „Манаки“ во Битола со години е место каде навистина може на црвениот килим да се демонстрира уметност во движење. Ама не, скоро никогаш не било така. Зошто бре кога имате шанса да бидете видени насекаде чим веќе се појавувате, да не облечете екстравагантност, елеганција и авангарда? Срамно е кога денес интернетот „парче прави“ и секоја модна информација ви е на дланка, да не се обидете да истражите што се облекува на вакви настани и ако треба и да ја „украдете“ идејата, малку да измените и да создадете своја приказна. На шивач ќе ве чини се на се сосе материјал околу 3.000 денари. Нема да биде истото, но ќе биде ваше ако го облагородите со естетика. А постојат и дизајнери, но тие ви се скапи или не ги сакате зошто се домашни. 

До каде сме со „Дракула“? Го оживеавте на „Манаки“! Како се осудивте да носите плаштови како што носел тој и високи подигнати јаки? На одредени госпоѓи им фалеа уште дулиња за на вода, па сликата да биде уште „побогата“. Тантели или народски „чипки“ уште си ги носите? А здолништа каде ви се гледаат и колената и листовите на нозете ви се допаѓаат многу, си се бендисувате така? Припиените костимчиња си ги носите и за на работа и за на црвен килим?

Зошто? Зошто? Кога сакате да изгледате како вистински дами, послужете се со совети. Не е поентата само да се прикажете, туку и што ќе покажете! Овде нема простор да се зборува за трендови, убав стил, вонвременска мода… Но, навистина секоја чест на неколку дами кои ненаметливо, итро, суптилно и елегантно, газеа со став на килимот оставајќи трага зад себе. Не дека носеа висока мода на Ели Сааб или Валентино, но дека носеа стил, се виде! Една таква госпоѓа, Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на земјава, во стилот на модната дизајнерка Каролина Херера, покажа се’ што требаше! И со став, и со стил и со однесување!


ЦЕЛАТА ГАЛЕРИЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА ЖЕНСКИ МАГАЗИН ТУКА.


Фото: Официјален фејсбук-профил на „Манаки“/ Bitola News

Н.Т.

Можеби ќе ве интересира

Човекот кој заработува 5,1 милијарди долари на ден

Човекот кој заработува 5,1 милијарди долари на ден

Наша репортажа: 8 нешта што мора да ги посетите во малото унгарско гратче Тихани на Балатон

Наша репортажа: 8 нешта што мора да ги посетите во малото унгарско гратче Тихани на Балатон

(ФОТО) Мамев во диетата и пак ослабев 20 килограми: Наде Талевска непрепознатлива

(ФОТО) Мамев во диетата и пак ослабев 20 килограми: Наде Талевска непрепознатлива

Дино Мерлин за Нова Година со концерт на Плоштад Македонија

Дино Мерлин за Нова Година со концерт на Плоштад Македонија

NOT AN EVENT го одбележа доаѓањето на Not a pErfumе superdose во стилот на Studio 54

NOT AN EVENT го одбележа доаѓањето на Not a pErfumе superdose во стилот на Studio 54

Катаракта – што е и како се третира?

Катаракта – што е и како се третира?

На ТВ ми е релаксација, дома ми е весело: Искра Канзурова се врати пред камерите

На ТВ ми е релаксација, дома ми е весело: Искра Канзурова се врати пред камерите

Во име на Човекот, Амин

Во име на Човекот, Амин

Што кажа Тоше во своето последно интервју...

Што кажа Тоше во своето последно интервју...