(ФОТО) ГРОБОВИТЕ СЕ ПОЛНИ: За бегалците на Лезбос нема веќе место за вечен мир!
Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2015 15:04
Овде лежи мајка со своето новороденче. Овде лежи една млада девојка, таму 60-годишен маж, ја раскажува тажната приказна погребникот Кристос Мавтакидис кој се грижи за најголемите гробишта на островот Лезбос и со прст ги покажува неозначените гробови на покојни сириски мигранти кои се удавиле во морето.
На островот всушност нема веќе место за тела „изгубени во морето“ како што ги нарекуваат островјаните настраданите мигранти кои се удавиле во Егејот додека се обидувале да стигнат до подобар живот.
Дел од гробиштата Свети Пантелејмон е наменет за бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак, и тој наскоро ќе биде полн.
„Треба нешто да се направи, стварно се премногу, вели Кристос и додава дека никој од локалните власти не знае каде ќе се погребуваат новите тела на настраданите мигранти.
На гробиштата на островот Лезбос кој се наоѓа на само 4,4 км од турскиот брег и кој претставува важна точка за влез на бегалци и мигранти во ЕУ се наоѓаат гробови на бегалци кои се означени само со мали плочки на кои со боја е напишан датумот на погреб. Кај некои освен датумот е напишано и името, но на повеќето стои само натпис „непознат“.
Повеќето бегалци се погребани на овие гробишта бидејќи се добро чувани, па така не може да се случи кучиња талкачи по островот да разнесуваат коски и делови на тела од загинати мигранти.
Градоначалникот на островот Ставрос Галинос вели дека ова е голем хуманитарен проблем, кој се обидуваат да го решат на сите начини, но дека кадровски и финансиски се многу осиромашени.
„Не само што мораме да се грижиме за живи мигранти, на наши плеќи се и мртвите, вели тој“.
Според податоци на ОН оваа година во Грција влегле 400 000 бегалци, а во Средоземното море досега се удавиле вкупно 3000.
Голем број на бегалци на опасен пат тргнаа во текот на летото, бидејќи се плашеле од есента и лошото време кое би им го отежнало патувањето. Уште голем број на луѓе се водат како исчезнати.
Локални жители на Лезбос говорат како понекогаш знае да се случи човечко тело да се фати во рибарска мрежа, а рибарите често телото го враќаат назад во морето бидејќи не сакаат да учествуваат во заплетканите бирократски постапки кои би следеле ако телото би го предале на властите на островот.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација












