ФОТО: Грција, Италија, Јапонија? Еве каде најдолго се живее!
Објавено во: Стил
09 Јануари, 2013 12:09
Добивај вести на Viber
Доловечноста нема врска со парите и богатството, туку сонцето, морето, свежата риба, вино и маслинки се причината што грчкиот остров Икарија се најде на врвот на листата места каде најдолго се живее.
Имено жителите овде живеат дури десет години подолго од остатокот од Европа и имаат двојно повеќе шанси да ја доживеат деведесеттата година од животот од Американците.
Како што пренесува Дејли Мејл, причината за тоа што 84% од мажите и 70% од жените, постари од 80 години, е тоа што жителите овде се физички активни и во својите поодминати години.
Инаку Икарија е дел од т.н. Сина зона, група на земји чии жители живеат многу подолго од остатокот од популацијата.
Овде се најдоа и италијанската Сардинија, јапонскиот остров Окинава, градот Лон Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја на Костарика.
Во продолжение, колку за илустрација, кратка фото галерија за Икарија:







* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: