05 Декември, 2025
0.2880

ФОТО: Хотели на дрво за секој турист

Објавено во: Стил 07 Мај, 2013 22:48

Добивај вести на Viber

Куќите на дрво се многу привлечни и егзотични, a во последно време се поинтересни стануваат и хотелите направени на дрво. Ова не е нова идеја, но секако чувството е неповторливо. Во Бразил „Ariau Amazon Towers Hotel“ работи од средината на 80-тите години. Денес такви има во целиот свет - од САД до Кина. Еве неколку од нив: Treehotel, Шведска  Се наоѓа надвор од селото Харадс во Шведска. Има 5 куќички, на висина од 4 до 6 метри над земјата. Секоја од нив изгледа поинаку. Playa Viva, Мексико  Се наоѓа северно од Акапулко. Се состои од три куќички. Секоја има спална и веранда со трпезариска маса. Се наоѓа во природен резерват. The Aviary, Масачусетс Хотелот е на два спрата, од кои вториот е во дрвјата. До него се стигнува лесно - преку скалите од првиот. Hinchinbrook Island Resort, Австралија Хинчинбрук е природен парк со убави планини, плажи, дождовните шуми. Во него има само една опција за сместување. Тука има 15 бунгалови на дрво. Сите тие се пространи, имаат својот балкон, бања и излез на плажа. Tree House Lodge, Коста Рика Шлаг на тортата во ова одморалиште е куќата на дрво, која има две спални, греење со сончева енергија, кујна и туш. Таа е изградена на 100-годишно дрво. До неа се стигнува преку висечки мост. Tsala Treetop Lodge,Јужна Африка Хотелот има 10 куќички со поглед кон прекрасната шума. Chewton Glen,Велика Британија Има 6 куќички. Се наоѓаат во близина на New Forest National Park. Тие имаат огромни француски прозорци, џакузи и мермер на подот. Winvian, Конектикат На проектот работеле 15 архитекти и дизајнери. Една од куќичките е бунгалов на два спрата со камин, џакузи и целосно опремен бар. Овде има и оличен ресторан, а се нудат и приватни часови по јога. La Cabane en L'Air, Франција Тоа е група од околу 200 куќи на дрво низ цела Франција, од Прованса до Нормандија. Тонгабези, Замбија Од куќата на дрво има поглед кон реката Замбези, а во близина се наоѓа и водопадот Викторија, до кој гостите можат да се шетаат во слободното време.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: