05 Декември, 2025
0.0340

(ФОТО) Ние секогаш имаме идеја: Како да го разубавите домот за Велигден сами ...

Објавено во: Стил 25 Април, 2019 20:59

Добивај вести на Viber

Време е да го започнете велигденското украсување. 

Постојат многу начини за секоја година поинаку да го украсите домот, да примените поинаква техника, да додадете нешто ново.

Но, за тоа не ви треба да потрошите многу пари, туку потребна е креативност и трпение.

Привлечете го вниманието уште однадвор со тоа што ќе поставите венче на влезната врата направено од пластични или дрвени шарени јајца.

Велигденските јајца не мора да ги боите само во стандардните бои. Обидете се да измешате некои бои за да добиете нова.

Во чаша вода ако капнете различни бои лак за нокти и со чепкалка за заби да ги измешате, ќе добиете шара која може да се залепи на јајцето доколку внимателно го потопите до половина во неа.

Украсувајте ги со ливчиња од растенија, лепете им циркони и машнички или цртајте на нив. 

Забавувајте се и создавајте нешто поинакво и поинтересно.

Наместо да купувате кошничка, направете ја сами. Искористете некои хартиени кеси кои ќе ги исечете на ленти, а со техника на преплетување сами ќе си сплетете кошничка за јајца.

Може да направите и кошничка во вид на јајце само со помош на лепило, конец и балон околу кој ќе го залепите конецот и ќе го пукнете балонот, а во шуплината ќе ги сместите јајцата.

Домот може да го украсите со многу зајчиња и пиленца кои се сметаат за симболи на овој празник. Трпезата украсете ја со интересни салфетки и украси.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: