(ФОТО) ИМА 70 СОБИ И 12 ИЗЛЕЗИ: Во Србија постои подземен град за кој малку се знае
Објавено во: Балкан 18 Март, 2023 11:58
Во Србија постои подземен град за кој малку се знае.
Тој се наоѓа во Мали Зворник, изграден е по наредба на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ, и е една од најголемите туристички атракции во областа. Подигнат е во почетокот на триесеттите години на 20 век, во голема тајност, под шифра „Камена девојка“, како засолниште за сместување на членовите на династијата Караѓорѓевиќ и на владата во случај на војна. Има околу седумдесет соби и околу 12 излези или влезови кои се блокирани со железни врати. Температурата е меѓу 14 и 16 степени.

Површината од 5.000 квадратни метри скриена во стрмна карпа, сè уште не е доволно истражена. Подземниот лавиринт е полн со соби вкопани во карпата за командното место на кралот за време на војната и е за подолг престој на околу 5.000 луѓе. Изградбата започнала во 1931 година и траела до атентатот на кралот Александар во Марсеј во 1934 година.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




