(ФОТО) ИЗБЕГАЈТЕ ОД ДОМА: Градови кои се магични за дочек на Новата година
Објавено во: Стил 15 Декември, 2018 18:29
Новогодишните празници се совршен период за да „избегате” малку од дома и да прошетате низ светот. Еве неколку дестинации кои се совршени да ги посетите во зима.
Германија
Оваа земја е одлична туристичка дестинација за време на новогодинешните празници. Покрај прекрасно украсените туристички места, препознатливи се и Божиќните пазари кој се одржуваат секоја година низ сите градови.

Шведска
Абиско претставува идеална дестинација за оние кои се вистински љубители на снегот, тука можете да уживате во прекрасната магија на Аурора светлината.

Австрија
Во оваа земја најдобро ќе ја осетите зимската идила и снегот низ малите гратчиња и села под Алпите каде што се одржуваат божиќни панаѓури, каде што можете да си купите секако вид на новогодишни ситници.

Норвешка
Норвешка е идеална дестинација за романтични патувања. Во овој период од годината, Норвешка како од бајките, со многу декоративни божиќни декорации и светкави сијалички насекаде низ градовите.

Лапонија
Лапонија е регион во северна Европа, лоциран во арктичкиот круг кој се протега на територијата на четири различни држави: Финска, Норвешка, Шведска и Русија. Лапонија е идеално место за посета во зима поради тоа што е најсеверна точка во Европа, а и се разбира таа родно место на Дедо Мраз.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





