06 Декември, 2025
0.3909

(ФОТО) Избрана „Жена со стил“ во Скопје Сити Мол

Објавено во: Стил 13 Март, 2014 14:12

Добивај вести на Viber

Инес Шабан е победничката на првиот стилски натпревар во Република Македонија, и од организаторот Скопје Сити Мол, доби награда во форма на вредносен ваучер, како и пофалница за нејзината храброст, учество и конечна победа на изборот. Skopje City Mall, по повод Меѓународниот ден на жената избираше Жена со стил. Повеќе од 300 жени го пријавија своето учество, за само 8 од нив да влезат во финалето. Стручното жири за победничка на изборот ја избра Инес Шабан, второпласирана беше Антица Сашек, додека третата позиција и припадна на Теодора Крстевска. "Навистина сум пресреќна. Иако воопшто не очекував и бев свесна за силната конкуренција која ја имав во останатите финалистки, сепак жирито одлучи токму јас да бидам жената со стил за 2014. Им благодарам на City Mall за одличната организација, како и за наградата која е само дополнителен мотив да продолжам да експериментирам со модни парчиња, кои сепак ќе го следат мојот стил и вкус на облекување", ни изјави Инес Шабан по доделувањето на наградата.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: