(ФОТО) Јанчев им стави „lazy bags“ на граѓаните за да гледаат фудбал
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021
На градскиот плоштад во Кавадарци денес од 15 часот организирано на видео бим ќе се следи натпреварот Македонија - Украина, објави градоначалникот Митко Јанчев.
Вели дека подготовките се веќе во завршна фаза. За сите посетители има организирано и освежителни пијалоци.
„Да им дадеме заедно поддршка на нашите момци, вели Јанчев.
Тој на плоштад им поставил повеќе од популарните „lazy bag“.