(ФОТО) Јужна Германија се бори со поплави
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2018
Обилните врнежи и топењето на снегот предизвикаа поплави и свлечишта во јужна Германија.
Стотина луѓе се евакуирани од градот Санкт Блазиен како превентива.
Во другите делови на провинцијата Баден-Вуртемберг пријавени се поплавени патишта.
Речниот сообраќај на реката Мозел и дел од реката Некар е во прекин, а во деновите што следуваат оваа мерка може да се прошири и за Рајна.
Во провинцијата Баварија реките поплавиле подруми и гаражи.
Во многу области на провинцијата Рајнланд-Пфалц пријавен е поплавен имот.
Метеоролозите прогнозираат дека во наредните денови ќе врне уште повеќе дожд и се очекува нивото на реките да продолжи да расте.