06 Мај, 2024
0.0396

(ФОТО) Како да се одбраните од комарците на природен начин

Објавено во: Стил 22 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Не можете со ноќи да спиете на лето бидејќи вас и вашите деца ве опседнуваат комарци? Се обидовте и со хемиски и со електрични средства? И не бевте целосно задоволни од нив?... Советот кој следи, со упатство „чекор по чекор“, целосно еколошки направен и она што е сигурно - ова е проверена одбрана од комарци! И не само тоа: Ова е доста ефикасен и најефтиниот начин конечно да се ослободите од овие досадни инсекти.

Потребно ви е:

- 200 мл вода

- 50 грама кафен шеќер

1 грам свеж квасец и

- 1 пластично шише од 1.5 или 2 литри

Постапка:

1. Исечете го врвот на шишето

2. Загрејте ја водата и во неа стоплете го кафениот шеќер

3. Кога се излади, содржината ставете ја во шишето

4. На површината на течноста посолете здробен квасец. Не треба да мешате.

5. Пресечениот врв на шишето ставете го како инка и замотајте го со црна пластика или фолија. Замката поставете ја во аголот на просторијата, на тераса, во двор...

6. После две недели погледнете ги резултатите!

Во што е фората?

-Комарците ги привлекува гасот кој се ослободува при ферментирање на шеќерот;

-Оваа еколошка замка е наменлива и за училишта, градинки, канцеларии, болници...

-Дејствува и на тигрестите комарци