06 Декември, 2025
0.0611

(ФОТО) Како изгледа станот на еден моден дизајнер!

Објавено во: Стил 30 Октомври, 2014 20:41

Добивај вести на Viber

Секоја жена која не е рамнодушна кон чантите, знае за името Нанси Гонзалез: гломазните и елегантни торби од кожа на крокодил, питон и ној, кои секогаш се светли, привлекуваат внимание на црвениот тепих не помалку од нивните сопственички.

Меѓутоа, станот на дизајнерката која се наоѓа во градот во подножјето на Андите не „вреска“ од луксуз, туку донесува вистинска доза на софистициран луксуз. Нанси сака интензивни бои, но и сака да живее во опуштена атмосфера, без многу визуелна врева. Таа исто така е против вишокот формалности и помпезни украси. Како што вели, сака дом во кој нејзините внуци ќе може слободно да си играат.

Пред шест години, таа одлучила да создаде семејно гнездо во својата родна Колумбија. Сакала сите соби да бидат отворени, што е прилично необично за Колумбија, каде традицијата е друга и прилчно строга. Бидејќи купила стан, Гонзалес ја повикала дизајнерката Џен Луис Денио: таа беше гостинка дизајнер во Чантили, а нејзиниот стил оставил трајно влијание на неа. На Денио веднаш и се допаднала идејата на слободен простор каде сите соби меѓусебно би биле поврзани. Како вели, Нанси не е љубител на вратите и ѕидовите, таа не сака ограничувања.

Сите соби во домот се спојуваат една со друга, речиси како во поткровје. Постојат надворешни ѕидови и многу стаклени клизачки врати, така да главниот кат ја комбинира природата со околна тераса. Да се нагласи недостатокот на границата помеѓу куќата и улиците, терасата и катот во станот е третиран француски варовник. Внатрешноста изгледа речиси бестежинска, потпомогната со концизна архитектура и воздржана палета на бои кои ги нуди Џен Луис.

Според Денио, овој стан е истовремено минималистички и максималистички. Таа сака кога просторот е празен и простран, но таа исто така сака луксузни материјали и сензуална текстура. Во станот се видливи и многу егзотични материјали. На пример ѕидовите во домашното кино се прекриени со ткаенина од коњски влакна. Кожата од крокодил исто така е присутна, таа покрва две табуретки во дневната соба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: