Фото: Како млад Босанец успеал во Шведска
Објавено во: Стил 11 Март, 2013 14:58
Златан во Шведска дошол со неговата мајка и брат. Во основно училиште имал најдобри оцени, потоа своето образование го продолжил во најдобрата гимназија во Шведска која ја завршил со одличен просек, се стекнал со две стипендии за факултет.
-Поради лошата економска состојба во мојата фамилија работев од 14 години. Бев разнесувач на весници, келнер, работев во пекара, пицерија..ја започнува својата приказна 19 годишниот Бајриќ, кој денес е еден од најуспешните бизнисмени во Шведска.
Првата фирма ја отворил на 17 години. Правел реклами и мали страници на интернет и мениа за ресторани.
Моментлно има две фирми-куглана/ресторан/кафич „Aros Fun House“ во која има девет вработени и маркетинг агенција GoPlus во која вработил шест луѓе.
-Мои клиенти во GoPlus се IKEA, ABB, Bombardier, ValboKem... Фирмата е 100% мое сопствеништво, а кугланата 50 посто, објаснува тој.
Бајриќ е добитник и на престижни награди- во 2011 ја добил наградата “Најдобар шведски сервис“, а во 2012 “Најдобар шведски претприемач“. Ја добил и стипендијата од Андерс Вала, најуспешен претприемач во Шведска, а оваа година е прогласен и како суперталент во Шведска.
-Докажав дека од ништо може да се направи нешто. Кога пристигнав со моето семејство во Шведска немавме ништо, но покажав дека може да се успее, само кога тоа се сака, истакнува младиот Златан.
За него ќе каже и дека во Шведска е познат како голем критичар на политичарите на шведската Влада, но и на ЕУ. Критики упатува и до власта во БиХ, која како што оцени тој не работи ништо за да ја искорсити дијаспората на позитивен начин.
Додава дека другите земји имаат програми, бараат таленти од дијаспората и ги вклучуваат во проекти што не е случај со БиХ, но за жал и со другите земји од бивша Југославија.
Тој истакнува дека неговите амбиции за во иднина се големи. Сака на сите да им покаже дека “ништо не е незвозможно“. Додава дека би сакал да инвестира на Балканот, посебно во БиХ.
-Еден ден сакам да започнам некој проект во БиХ, но прво мора да се промени одностот на власта кон дијаспората и мора законите да се прилагодат према инвеститорите од другите земји, порачува Златан Бајриќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





