17 Мај, 2024
0.0287

ФОТО: Канцеларијата на Епл во 70-тите

Објавено во: Стил 27 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Во 1977 година, Стив Џобс и Стив Вознк се преселија од гаражата на Џобс во својата прва канцеларија во Калифорнија. Во тоа време тие веќе го имале продадено својот прв компјутер Apple I. Тој немал ниту тастатура , ниту екран. Двајца од првите вработени во компанијата - Боб Мартиненго и Марк Џонсон за  Business Insider раскажале како се работело во првата канцеларија на компанијата. Во тоа време Apple била само една нова фирма и никој не знаел дека таа ќе го промени светот. Има многу малку фотографии од канцеларијата на Apple , бидејќи во 70-тите години луѓето не носеле фотоапарати со себе секаде и воопшто не се правеле многу слики . Еве дел од атмосферата некогаш во сега една од најпознатите компании.