ФОТО: Ќерката на диктаторот си купи палата за 58 милиони долари во САД
Објавено во: Стил 03 Јули, 2013 21:36
Помалата ќерка на претседателот на Узбекистан, Лола Исламова Каримовa-Тилaева си ја купи луксузната вила „Le Palais“ во Беверли Хилс, Калифорнија.
Вилата се продаваше од лани по цена од 58 милиони долари. Според податоците на „The Real Estalker“, трансакцијата била склучена од името на една компанија, но медиумите открија дека зад неа стои семејството на претседателот на Узбекистан.
Претходниот сопственик на луксузната палата е американскиот дизајнер на ентериер, архитект и претприемач Мохамед Адид кој самиот го дизајнираше објектот.
Во зградата има седум спални, единаесет бањи, уметничка галерија, сала, кино, лифтови, библиотека и покриен базен во источен стил. Во дворот се создадени неколку тематски паркови со фонтани и вештачки езера.









* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





