05 Декември, 2025
0.0477

ФОТО: Кои беа 10-те најскапи автомобили во 2012 ?!

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2013 14:00

Добивај вести на Viber

Најскапиот автомобил што некогаш било продадено во светот е „Bugatti Royale Coupe Kllner“ од 1931 година и за кој во 1987 година се платени 8,7 милиони долари. Овој луксузен автомобил не се продава повеќе на пазарот, н секако се најде на листата на српскиот портал Телеграф, кде се посочени најскапите автомобили во 2012 година. Најскапиот автомобил во тековната година е „Bugatti Veyron“ супер спорт со цена од 2,4 милиони долари. Овој автомобил постигнува забрзување од 0 до 100 километри на час за 2,5 секунди и максимална брзина од 430 км / ч. На второто место се најдоа  Астон Мартин Оне -77 и „Pagani Zonda Roadster Cilinque“ кој чинат исто 1,85 милиони долари. Астон Мартин со 750 коњски сили, со максимално забрзување од 0 до 100 км / ч за 3,4 секунди, достигнува максимална брзина од 355 км / ч. Речиси идентични перформанси има и автомобилот со кој го делат ова место. Третото место пак го делат „Lamborghini Reventon“ и „Koenigsegg ager R“ со проценета вредност од 1,6 милиони долари. Првиот постигнува забрзување од 0 до 100 км / ч за 3,3 секунди и максимална брзина од 340 В, додека другот автомобил може да достигне 0-100 забрзување од 2,8 секунди и максимална брзина од 435 км / ч. Четвртото место му припаѓа на „Maybach Landaule“ во вредност од 1,38 милиони долари. Овој автомобил може да се постигне забрзување од 0 до 100  км / ч за 5,2 секунди. „Zenvo st1“ е ставен на петтата позиција на оваа листа со цена од  1.225.000 долари. Може да се постигне забрзување од 0 до 100 за 2,9 секунди и максимална брзина од 375 км / ч. Шестото место му припаѓа на „Hennessey Venom GT Spyder“, кој чини 1,1 милиони долари. Забрзување од 0 до 100 км / ч достигнува за 2,5 секунди. „Мекларен Ф1“ чини 970.000 $ и е на седмо место. Иако тоа беше направен пред повеќе од 15 години, достигнува брзина од 390 км / ч . Осмото место е на „Ferrari Enzo “ со цена од  670 илјади долари. Овој модел достигнува брзина од 350 км / ч и забрзување од 0-100 за 3,4 секунди. „Pagani Zonda C12 F“ е но деветтото место со проценета вредност од 667,321 долари. Автомобилот достигнува максимална брзина од 350 км / ч и забрзува од 0 до 100 за 3,5 секунди. Десеттото место на оваа листа е за „SSC Ultimate Aero“ и неговата вредност се проценува на 654,400 долари. Максималната брзина изнесува 415 км /чh и забрзува од 0 до 100 за 2,7 секунди.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: