18 Мај, 2024
0.0288

ФОТО: Кои беа најсилните земјотреси во 2016 година?

Објавено во: Свет 25 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Природните катастрофи често не можат да бидат предвидени. Во 2016 година неколку земјотреси ја потресоа земјата при што имаше илјадници жртви.

2222

На 24 август 2016 година, Италија беше потресена од силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер. Епицентарот е регистриран во близина на градот Норча. Жртвите се стотици, а над 200 лица се водат за исчезнати. Ова не е прв катастрофален земјотрес за оваа година.  Скоро секој месец во различни делови на светот имаше потреси, кои уништија домови и однесоа жртви.

Во месец август имаше уште еден силен земјотрес. Во јужниот дел на Перу на 16 август земјотрес со интензитет од 5,2 уби 9 лица и рани над 52. Четири месеци порано на 17 април земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтер во Еквадор зеде над 602 животи, рани над 12 500 луѓе.

3333

Неколку дена пред земјотресот во Еквадор во префектурата Кумамото, Јапонија, потрес со интензитет од 6,4 степени однесе 9 жртви и повреди над 900 луѓе на 14 април.

Во месец февруари земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја погоди Грција.

Во Тајван на 5 февруари во земјотрес од 6,4 степени по Рихтер, имаше 14 жртви и над 500 повредени. Истиот ден земјотрес со интензитет од 5,5 степени се случи во Непал, при што најмалку 25 лица беа повредени.

Уште во првиот месец од годината исто така, имаше два тешки земјотреси.

Едниот беше регистриран на 25 јануари крај бреговите на Шпанија со интензитет од 6,2 степени. Другиот силен земјотрес беше на 4 јануари во Индија - со интензитет од 6,7 степени.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата