05 Мај, 2024
0.0264

(ФОТО) Кул дестинации за „плиток џеб“

Објавено во: Стил 03 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Не ви требаат куп пари за да си поминете добро на летување и да се чувствувате како турист од милион долари. Избравме неколку дестинации на кои ќе се чувствувате царски, а цените на ангажман не се астрономски и почнуваат од 88 до 299 евра.

Добра вода

Не е фразата главен фактор дека ова место во Црна Гора е идеално за одмор. Посебно и погодно за семејства кои летуваат со деца, бидејќи местото е тивко и повлечено, но добра забава можат да пронајдат и оние кои бараат забава до раните утрински часови. Подрачјето на Добра вода е прекриено со маслинки, па нуди многу добра клима, како и неопходна ладовина.

Понудата изгледа вака: 7 ноќевања од 88 евра за лице плус сопствен превоз

Лезбос

Лезбос (или Lesvos) е третиот по големина остров во Грција, преплавен со мали семејни хотели кои гарантираат дека гостите ќе се чувствуваат како дома. Неверојатно богат со борова шума, па и одтука го има и прекарот „смарагден“ остров.

Со многубројните бродови на него растат и 11 милионските стебла на маслинки. Островот е оддалечен 15 километри од границата со Турција, а влијанието на оваа држава може да се забележи на секој чекор. Најчести гости на островот се Холанѓани, Германци и Англичани. Туристите преку ден може да уживаат во природните убавини. навечер во локалните таверни со вкусни специјалитети, дискотеки или ноќни клубови, како и на градските плоштади каде во текот на сезоната се нешто се случува.

Понудата иде вака:

Цени од 264 евра по лице, со авион

Аланија

Аланија е позната како Мајорка на турски брег. Сите плажи се школкави а на некои места и песокливи. Се наѓаат во близина на хотелските комплекси, така да се близу за туристите. Доколку сакате денот да го поминете на најдобрата плажа на Аланија, Клеопатра е вистинскиот избор. Многу барови и дискотеки сместени околу пристаништето, а имате можност и да уживате во традиционалната турска музика, но и во звуците на светски познатите хитиви.

Понуда

Цена  last minut за смена 14.6. и тоа за 7 ноќевања плус авион од 299 евра Римини
Ова место на брегот на Јадранското море го нарекуваат и мал Рим. Го посетуваат туристи од цел свет, и тоа поради сонцето и морето, но и одличната храна и добра атмосфера. Плажата е долга 15 километри. Водата на почетокот од морето е плитка па морате да одите за да дојдете до длабочините. Со оглед на тоа дека Римини одсекогаш била привлечна дестинација на римските цареви, во периодот кога тие се наоѓале таму, посебно Октавијан Август и Адријан, изградени се Триумфалната капија на Август, Тибериевиот мост и амфитеатар. Исто така, царицата Гала Плацидија ја изградила Црквата Свети Стефан.
Понуди:
7 ноќевања плус автобус од 199 евра
7 ноќевања од 88 евра по лице плус сопствен превоз