06 Декември, 2025
0.0559

(ФОТО) Луксуз во Венеција: „Gritti Palace“ Хотел

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2014 21:27

Добивај вести на Viber

Доколку сакате да се чуствувате како член на кралското семејство во преубавата Венеција,  „Gritti Palace“ Хотелот е вистинско место за вас ...

Ова е местото каде историјата и културата се спојуваат со беспрекорниот современ луксуз - овој хотел всушност некогаш бил палата, а неодамна е реставриран како би им одговорил на желбите и на оние големите патници од 21 век. Луксузните елементи во кои можете да уживате во текот на вашиот престој во овој хотел се мермерните подови, стилизираните плафони со златни украси, рачно обоени клавир и мебел од старите времиња кои остите ги водат во некоја сосема друга доба им овозможува престој кој засекогаш ќе го паметат.

Патниците кои ќе се одлучат за овој хотел можат да бираат помеѓу 82 соби и апартмани, кои содржат венецијански антиквитети и Мурано осветлување, како и врвни луксузни поволности како Bang & Olufsen TV сетови, брз интернет и уште многу работи. Што се однесува на менито за јадење, можеби најдобриот ресторан е  Club del Doge, кој ви ја нуди најфината кујна на Венеција, покрај интернационалните омилени јадења. Овој хотел исто така ја има и најголемата кровна тераса, од која се пружа фантастичен поглед на каналите и величенствената историска градба.

Совршено лоциран на Гранд каналот, овој луксузен хотел е во близина на сите познати атракции на Венеција, како Риалто мостот, Плоштадот Свети Марко и Базиликите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: