05 Декември, 2025
0.1528

ФОТО: На крстарење со јахтата на Џони Деп!

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2013 20:08

Добивај вести на Viber

Џони Деп ја поседува јахтата Вајолироја , а бидејќи ретко ја користи одлучи да ја изнајмува на вљубениците во морето. Заинтересираните за една недела на оваа јахта ќе треба да издвојат 130 илјади долари. Инаку нејзиното име Вајолироја е комбинација на имињата на имињата на семејството на Џони Деп, кој до неоамна живееше со својата долгогодишна партнерка Ванеса Паради и нивните деца Лили-Роуз и Џек. Јахтата  долга 47.5 метри беше купена во 2007 година.  Иако внатрешноста на пловилото изгледа како од 30-те години на минатиот век, тоа е всушност сосема нова јахта, изградена од турската „Turquoise Yachts“.  Внатре јахтата е опремена во класичен стил - нешто помеѓу салон на Ориент-експрес и париски бордел во Ар-Деко стил. Јатата може да смести до 10 гости и осумчлен екипаж. На неа има трпезарија, зони за рекреација на отворено, голем кабинет од ореово дрво, огромна библиотека. И секако, јахтата не е лишена од современата мултимедија и средства за комуникација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: