19 Април, 2024
0.0253

ФОТО: Најдобрите дестинации за „алкохолен“ туризам.. дел од нив подобро избегнете ги!

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Туристите во Торонто успеаја да го добијат спорот со една туристичката агенција која требала да им ги врати парите, поради тоа што одморот им бил уништан поради „уринирањето на канадските студенти". Тоа се случило во март, кога во Северна Америка студентите го слават пролетниот одмор - период во кој се чувствуваат должни да се напијат секоја вечер. Во март одморалиштата во Мексико и Карибите се преполни со пијани колеџи и бучни забави. Ова ја испровоцира канадска туристичка компанија да креира листа на дестинаци кои можеби е подобро да ги избегнете ако сакате тивок и мирен одмор. Еве ја листата: Канкун Населбата постои од 1972 година. Тука туристите, главно млади луѓе, доаѓа за да пијат коктели и да се препелкаат на плажите. Магалуф Ова е големо одморалиште на островот Мајорка. Освен ако не сте тинејџер пуштен од дома, тука нема што да ви се допадне, пишува агенцијата. На улиците се расфрлани празни шишиња и ѓубре од журката претходната вечер. Ова навистина е жално, бидејќи островот Мајорка е многу убав и дефинитивно има што да се види. Германија Германците се втори по пиење на пиво во светот (после Чесите). Тука има многу пивски фестивали, од кои Октоберфест е најпознат. Лас Вегас Повторно, ако сакате тивок семеен одмор, никако не заминувајте во Лас Вегас. Овде има забава 24 часа и многу казина кои нудат алкохол бесплатно. Кавос Некогаш Кавос бил тивко рибарско селце на островот Крф. Денес е едно од најгласните летувалишта во Грција. Прага Прекрасен град, кој од време на време се расипува од пијани орди кои дошле тука со цел да најдат поевтин алкохол. Акапулко Журката на плажа во мексиканското одморалиште никогаш не запира. Тука секогаш е лето, ама никогаш не е тивко. Фалираки Се наоѓа на островот Родос во Грција. Уште едно грчки одморалиште, каде има многу клубови, алкохолот честопати  е бесплатен, а и пијани тинејџери има во изобилство. Амстердам Многу пиво, кафулиња и улицата на црвените фенери секако дека не придонесуваат за изборот на Амстердам како дестинација за семеен туризам. Малија Се наоѓа на островот Крит. Во ова туристичко место инаку се снимани многу филмови кои го документираат пролетниот распуст на американските колеџи. Русија Русите се на второ место по пиење во светот (по Молдавците, Чесите и Унгарците). Вотката е националното пиење.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре