ФОТО: Најголемиот шопинг центар во светот е празен!
Објавено во: Стил
06 Март, 2013 20:29
Добивај вести на Viber
Модерните трговски центри, какви ги познаваме, се огромни, нудат различни продавници и обично се добро посетени. Но во Кина, нештата се поинакви, па има еден сосема поинаков трговски центар кој не само што е најголем во светот, туку е и речиси целосно празен.
Трговскиот„New South China Mall“ ги отвори вратите во 2005 година во Донгуан, Кина. Тој се протега на трговска површина од 600 000 квадратни метри и има забавен парк, кино, хотел, па дури триумфална капија со оригинална големина како таа во Париз. Внатре има гондоли во венецијански стил, а огрониот забавен парк е подготвен за посетители.
Сепак, тие доаѓаат исклучително ретко. Оваа шопинг оаза била наменет за 70 000 посетители дневно и навистина е огромна. Во 2008 година се изнајмиле околу десетина од 1500-те продавници во приземјето на трговски центар. Сепак во „New South China Mall" не се изнајмени 98% од локалите.









* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: