ФОТО: Најголемиот светски водич ги избра најегзотичните хотели во светот
Објавено во: Стил 08 Октомври, 2013 22:04
Ова е одличен избор за оние кои сакаат да патуваат во времето , бидејќи , всушност , овој островски комплекс е средновековно село . Хотелот е опкружен со ѕидови од 15 . век . Тој се состои од 50 соби и апартмани , како и куќи , од кои некои служат како место за одмор на Црногорците во 30-тите години на минатиот век. Тој нуди спа центар , приватни базени и чиста плажа .
Ayana Resort and Spa, Бали
Има прекрасна панорама и е лоциран на врвот на карпа во село Џимбаран . Собите се опремени со локални работи и рачно изработени предмети во традиционален стил. Хотелот е спа - добитник на награди на многу натпревари , има приватна плажа , клуб за деца , базени , седум ресторани.
Casa San Agustin, Картагена , Колумбија
Се наоѓа во срцето на стариот дел на градот Картагена , чија територија е под заштита на УНЕСКО . Идеално место за одмор , каде можете да се шетате низ цвеќиња . Сите 31 соби се вкусно декорирани во традиционален стил : дрвени греди , фрески и други оригинални автентични детали. Апартманите располагаат со сопствена градина и убава глетка од прозорецот , како и базен.
Four Seasons Safari Lodge Serengetin Национален парк Серенгети , Танзанија
Менито на ресторанот ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите гурмани . Собите се опремени со најнова технологија : плазма екрани во секоја соба , клима , базени и сè што е потребно за сафари. Хотелот нуди 77 соби , декорирани во стариот колонијален стил .
The Governor's Residence, Мјанмар
Хотелот се наоѓа на тивко место и е идеален за одмор од бурните градови. Мирното езеро и градини , како и елегантните куќи во колонијален стил со исклучителен сервис , нудат комплетен одмор во Мјанмар .
Heure Bleue Palais Есауира , Мароко
Не смее да ве вознемирува тоа што хотелот е повеќе во колонијален , а не во марокански стил , ама услугите на ова место ќе ве натераатда заборавите за сè. Искусен готвач ќе ве воодушеви со прекрасна мароканска и француска кујна . Може да ги видите и најновите филмови во киното во хотелот или да се нурнете во чистата вода на базенот.
Hotel Benesse House Наошима , Јапонија
Хотелот музеј и галерија ќе ги воодушеви љубителите на уметноста . Самиот хотел со право може да го носи името ремек дело. Комплексот се наоѓа на остров и се состои од четири згради : музеј , обрач, парк и плажа . Секој од нив има своја тема и атмосфера , односно во кој и од нив и да дбререте соба , ќе имате прекрасен поглед кон морето.
Ladera, Сент Лусија
Не се сомневајте дека ова одморалиште великодушно ќе ве исполни со впечатоци . Хотелот е лоциран на 335 метри над нивото на Карипско Море , меѓу две планини . Секоја од собите има прекрасен панорамски поглед кон морето. Мебелот е инспириран од локалната боја: кујната исто така нема да ве остави рамнодушни .
Palais Namaskar, Маракеш
Хотелот , кој се протега на 12 хектари , нуди луксузни соби, апартмани и вили , лоцирани меѓу градини и езера . Хотелот располага со сопствен СПА центар , чиј декор е создаден во согласност со фенг шуи . За оние кои не сакаат да седат , хотелот организира екскурзии до Атласките планини или една ноќ на кампување во пустината .
Pirgos Mavromichali Лимени , Грција
Со векови старата кула - тврдина во близина на морето припаѓала на семејството Мавромикали . Сега таа е прекрасен хотел со 13 соби и бројни тераси . Оние кои ги сакаат неконвенционалните хотели , ќе уживаат во архитектонските детали од јаки камени ѕидови и подови .
Refugia Lodge, крај Тихиот Океан
Сакате да се чувствувате како да сте на крајот на светот ? Вие сте добредојдени на она место каде планината се среќава со Тихиот Океан . Собите, прошарани со автентични детали , нема да ве остават рамнодушни . Дрвото е омилен материјали во декорацијата . Туристите кои сакаат забава на отворено , можат да изберат помеѓу различни екскурзии.
Tongabezi Lodge, Замбија
Хотелот е во непосредна близина на водопадот Викторија . Комплексот од неколку одделни вили ги задоволува потребите на најпребирливите гости : куќа во карпа , во шума или на реката. Палетата на услуги вклучува и разновидно мени на ресторанот каде се испорачува храна на кану на меката светлина на свеќи .
Uma by COMO , Бутан
Хотел со минималистички дизајн од 11 соби и главниот акцент во кој е неверојатен поглед . Хотелот се наоѓа во близина на долината Punah , на чии пејзажи можете да уживате во изобилство. Можете да се нурнете во автентичната атмосфера , да доручкуваат на приватна тераса со поглед на реката Mo Chu или во луксузен ресторан .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





