ФОТО : Најголемите зоолошки во светот
Објавено во: Стил 19 Јули, 2013 16:22
Зоолошката градина е омилено место за забава и на малите и на големите. Во светот има огромни зоолошки градини, кои се протегаат на километарска површина и во нив може да се видат навистина егзотични животни. Видете кои се 10-те најголеми зоолошки градини во светот:
10. Сан Диего - 100 хектари, 650 животински видови
Се наоѓа во парк Балбоа, во Сан Диего, Калифорнија. Тука има над 3 700 животни и над 650 вида. Повеќето од животните не се во ќелија, туку живеат на отворен простор.
9. Лондон - 36 хектари, 755 вида
Отворена е во 1847 година. Тука живеат 16 000 животни. Ја нарекуваат уште и Regent's Zoo.
8. Бронкс, Њујорк - 265 хектари, 650 видови
Се наоѓа во квартот Бронкс во Њујорк. Во неа влегува и реката Бронкс. Животните тука се над 4 000 на број.
7. Националните зоолошки градини во Јужна Африка - 210 хектари, 705 вида
Се наоѓа во Преторија, Јужна Африка. Има два дела - една во рамнина и една на ридови. Двата дела се разделени од река. Животните се околу 9 000 на број.
6. Москва - 53 хектари, 927 вида
Отворена е во 1864 година и една од најстарите во Европа. Тука живеат над 6 000 животни. Во 1990 година беше реновирана и проширена. Додадени беа голем аквариум и нови атракции за деца.
5. The Henry Doorly Zoo and Aquarium, Омаха, Небраска - 130 хектари, 962 вида
Изградена е во 1984 како парк, но се зголемува до огромна зоолошка градина. Тука има 17 000 животни. Привлекува милиони посетители годишно.
4. Пекинг - 219 хектари, 950 вида
Отворена е во 1906 година. Тука може да видите гигант панди, кинески тигар, кинески алигатор. Над 6 милиони луѓе ја посетуваат зоолошката градина годишно.
3. Торонто - 710 хектари, 491 вида
Ги отвора вратите во 1974 година. Таа е најголема во Канада. Тука има 5 000 животни..
2. The Columbus Zoo and Aquarium, Пауел, Охајо - 580 хектари, 793 вида
Тоа е најголемата зоолошка градина во САД. Животните се 9 000 на број. Во текот на годината од тука поминуваат 2.3 милиони посетители.
1. Берлин - 84 хектари, 1 500 видови
Вратите ги отвора во 1844 година и е најстара во Германија. Тука има 19 500 животни од 1 500 вида. Таа е најпосетената во Европа - над 3 милиони луѓе поминуваат годишно од тука. Една од најголемите атракции е тоа што на посетителите им е дозволено да хранат многу од животните.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:















