29 Март, 2024
0.0239

ФОТО: Најлошите извршни директори во големите компании за 2012!

Објавено во: Стил 24 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Кои се најлошите главни извршни директори на големи компании во 2012? Сиднеј Финкaлстeин, долгогодишен професор на бизнис школата на кампусот Дартмут, како и автор на 11 книги со наслови како „Зошто најпаметните раководители пропаѓаат“, ја објави листата која ја прави веќе трета година по ред, а минатата година во неа влегоа шефовите на Netflix, Research in Motion и Hewlett-Packard. Еве и кои се најлошите извршни директори (CEO) оваа година, според Финкaлстeин: 1. Брајан Ден Ден напушти функцијата извршен директор на „Best Buy“ во април, откако се појави информација дека имал врска со многу помлада службеничка на компанијата. Но тоа сепак не е причина тој да се најде на оваа негативна листа. Лошата цена на акциите, намалување на продажбата, загубата на уделот на пазарот и зависност од откуп на акции, кои ја чинеа компанијата 6.4 милијарди долари, се причните тој да биде прогласен за еден од најлошите извршни директори. 2. Обри Макленден Главниот извршен директор на „Chesapeake Energy“ има проблеми со тоа да не ги меша финансиите на компанијата со неговите лични примања. Според Ројтерс, Макленден зел кредити во висина од 1.1 милијарди долари во период од три години. Користењето на млазниот авион на компанијата за лични цели, како и договорот за корпоративното спонзорство со кошаркарскиот клуб од Оклахома Сити, Тандор чиј сопственик е самиот Макленден, секако не оделе во негова корист. 3. Андреа Јунг Јунг поднесе оставка во април како извршен директор на Авон, но останува претседател на компанијата до крајот на годината. Таа не успеа да се справи со оперативните проблеми на компанијата, не можеше да подготви нејзин наследник на функцијата и одби понуда од 10.7 милијарди долари од компанијата „Coty“, која што се чини требаше да ја прифати. Од 2004 година, пазарната капитализација на компанијата падна од 21 милијарди долари на 6 милијарди долари. 4. Марк Пинкус Пинкус е извршен директор на „Zynga“ - компанијата која му го даде на светот „Farmville“. Акциите на „Zynga“  поевтинуваат за 75% од почетокот на годината, а дел од нејзините раководители ја напуштија. Пинкус има доста сериозно образование од Вортон и Харвард, но според Финклстеин, тој направил многу почетнички грешки, вклучувајќи го и премногу големото почитување на „Facebook“. Пинкус исто така не покажа фолема доверба во компанијата, со тоа што продаде 16 милиони од своите акции по нивното излегување на берзата. 5. Родриго Рато Рато јанапушти функцијата претседател на шпанската банка „Bankia“ во јули. Рато е поранешен министер за финансии на Шпанија и поранешен управен директор на ММФ. Во моментов е под истрага за измама и проневера на средства во врска со спектакуларниот банкрот на „Bankia“, по што следеше нејзино спасување од страна на шпанската влада. Во 2011 година „Bankia“ пријави 309 милиони евра добивка; а откако Рато поднесе оставка, се покажа дека профитот е 3 милијарди евра загуба! Други двајца раководители на големи компании - Марк Цукерберг (Facebook) и Ендрју Мејсон (Groupon), за малку не се најдоа на листата оваа година. Обвинението конкретно кон Цукерберг е поради "големото его", додека и двајцата добиваат критики поради тоа што не се доволно зрели и дека цената на акциите на компаниите им се движи само во една насока и тоа во погрешна. „Нема причина да се верува дека тие поседуваат менаџерските вештини да водат голема јавна компанија,“ вели Вели Финклстеин.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи