05 Декември, 2025
0.0536

ФОТО: Најлуксузниот воз во Индија

Објавено во: Стил 10 Август, 2013 18:00

Добивај вести на Viber

Најлуксузниот воз во Индија превезува патници од 2010 година и истиот е еден од најлуксузните возови во индиските железници, а воедно и еден од најскапите во Азија.

Во текот на 8 дена, „Maharajas’ Express" ги пренесува патниците до најатрактивните и најпосетените дестинации во земјата, од Таџ Махал, преку храмовите Кајурахо, до светите води на Варанаси.

 

Сумата која што туристите треба да ја издвојат за престој во најевтината кабина изнесува 800 долари, додека пак за полуксузните сместувачки капацитети, треба да се издвојат од 900 до 1.400 долари

Претседателската кабина е местото во кое што туристите можат да престојуваат со издвоени 2.500 долари.

 

Турите кои што се нудат со овој воз се опишуваат како „луксузно патување како ниедно друго" и овој опис е сосема оправдан, пред се затоа што послугата се погрижува секој од 88-те патници во возот да се чувствува како вистински принц.

  Возот се состои од 24 вагони во кои што патниците добиваат сместување, вкусно јадење, бар со неверојатни коктели и бројни други луксузни атракции.

Секој вагон е дизајниран на начин најдобро да го претставува махараџа стилот на живот. Елегантно декорирани со употреба на најфините материјали, секој од вагоните поседува детали кои што навистина оставаат без здив.

  Секако, тука е и високата опременост со современа технологија, па патниците можат да користат сопствена телефонска линија, интернет и телевизија, како и електронски сеф.

 

За единствено доживување и патување, вагоните поседуваат панорамски прозорци кои што на патниците им нудат поглед кој остава без здив, додека се поминува низ најживописните предели на Индија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: