20 Април, 2024
0.0253

(ФОТО) Најлуксузните стоковни куќи во светот

Објавено во: Стил 27 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Ова се оазите на модата и убавината кои дефинитивно треба да се посетат. Галерија Лафајет. Своевидна париска институција. Иако не е прва стоковна куќа во Париз, со својот дизајн апсолутно ја надмина конкуренцијата. Ентериерот, но и надворешниот изглед се толку импресивни што засекогаш ќе ви се врежат во главата. Тука ќе најдете и брендирана облека и накит и козметика. Лафајет е карактеристична по својата „Belle Epoque“ архитектура, детали од Арт Нуво и нео-византиска купола. Нордстром. Годинава ја зема титулата за најдобар трговски центар во САД, според анкетата на купувачите, иако конкуренцијата во САД е огромна. Според огромната анкета, Американците кои се во потрага по луксузни парчиња гардероба најмногу сакаат да се упатат директно во њујоркшкиот Нордстром, кој и покрај рецесијата бележи постојан раст на приходите. Хародс. Актуелна веќе долго време и симбол на модниот Лондон. Во оваа стоковна куќа ќе најдете „од игла до локомотива“, а монументалниот објект се простира на 90,000 квадратни метри. Свое место тука имаат и брендовите како Шанел, Ланвин, Ив Сен Лорен, а ќе ја најдете и светки славната слаткарница Ладуре, но и богата гастрономска понуда. Исетан, најлуксузна и најпосетена стоковна куќа на истокот, сместена во Токио. Годишно во неа купуваат над 30 милиони луѓе. Оваа стоковна куќа со богата традиција во себе содржи и западна мода, јапонски дизајнерски брендови но и традиционална облека. Најпознатите светски готвачи токму тука готват за својата клиентела, а Исетан е познат и по продавницата за чоколадо во која може да се дегустираат сите постоечки чоколадни вкусови на светот. Галерија Виторио Емануеле. Иако не може да се нарече класична стоковна куќа, миланската Галерија Виторио Емануеле се смета за една од водечките во светот, не само по брендовите туку и по својата концепција. Светски славната Галерија е дизајнирана во 1860., а изградена меѓу 1865.и 1877 година. Галеријата ги поврзува Дуомо и Миланската скала.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган