ФОТО: Најлуксузните возови на светот
Објавено во: Стил 22 Март, 2013 18:51
Големината и луксузот на патувањето со овој воз може да се почувствува при еднодневна екскурзија или викенд патување во феудалната атмосфера на „British Pullman“. Името го доби по Американецот Џорџ Мортимар Пулман, таткото на луксузните патувања со воз.
До 252 патници може да пренесе возот, кој се состои од единаесет салони кои патуваат од Лондон до Венеција. Возот е реновиран и во него ќе се чувствувате како во ерата на класичниот луксуз.
Royal Scotsman
Гостите кога се качуваат на овој луксузен воз, одат по црвен килим, придружени од службеник. Од април до октомври црвените вагони патуваат од Единбург низ живописните пејзажи на моќните планини, долини и езера во Шкотска.
The Indian Maharaja
Специјалниот воз патува на осумдневна авантура од Мумбаи до индиската престолнина Њу Делхи. Од 2009 година наваму раскошната палата на тркала патува по овој возбудлив пат, минува преку националниот парк Рантамбор и пештерите на Елора и Аханта. Од октомври до април тој патува низ Индија.
Pride of Africa
Над 6000 километри - од Кејптаун до Дар ес Салаам - патува луксузниот воз, чиј стил потсетува на класичните возови од 20-те години. „Pride of Africa“, со којуправуван „Rovos Rail“, се смета за најдобар луксузен воз во светот.
Пожелно е патниците да бидат со соодветна официјална облека за време на вечера. Патувањето со воз трае 14 дена.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





