15 Мај, 2024
0.0270

(ФОТО) Најромантичните градови на светот се овие!

Објавено во: Стил 14 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

 Европа е континент кој е омилен меѓу бројните љубители на патувањата.

Често се смета дека европскиот континент е дом на најромантичните градови во светот. Сепак, овде се наоѓаат Париз и Прага. Виена и Венеција и многу други. Љубителите на луксузните патувања и романтични одмори од сите краеви на светот најчесто ги избираат европските градови како своја дестинација. Она што еден град го прави романтичен е неговата архитектура, амбиент и атмосфера, опкружување, ресторани, скриени кафулиња, бгалерии со префинета уметност и совршен и идилчен изглед во текот на сите годишни времиња. Овој пат, ви ги претставуваме нашите 12 најромантични градови на Европа.

1. Амстердам

Ниеден град во Европа не сјае со толкава романтична атмосфера во таа количина како холандската престолнина. Амстердам речиси е феномен меѓу патниците, бидејќи најголемброј млади луѓе токму овој град го избираа како совршено место за одмор и уживање. Романтичната архитектура, куќи покрај каналот, сјајно дизајнирани тргоски центри и центарот на градот се она што ги привлекува големиот број на романтичари токму во овој град. Доколку сакате совршена романтична вечера задолжително посетете некој од бројните луксузни ресторани кои се раштркани по овој град и изнајмете соба во хотелот со поглед на каналот. Исто така, ви предлагаме да изнајмите чамец и да уживате во автентичноста на овој канали кои го сечат овој магичен град.

2.Париз

Секако, листата на најромантични градови било од светот било од Европа, не би била целосна доколку на неа не се најде Париз. Овој град е опишан како град на љубовта и романтиката, како што се елементите кои се во негова срж. Доколку сакате да ја изненадите вашата сакана личност со романтичен одмор, Париз е вашиот совршен избор. Вечера со свеќи, пратена со вечерна посета на Алјфеловата кула, набљудување на заоѓањето на сонцето од една од бројните совршени локации ...што повеќе можете да посакате кога говориме за романтиката? Но, сепак, овој град нуди многу повеќе . Дури и доколку се одлучите за уживање во вашата хотелска соба со саканата личност, уживајте во чаша шампањ, поглед на Алјфеловата кула и прекрасната кујна која е полна со сензуални оброци.

3. Прага

Прага многу брзо стана еден од најпосетените градови на европскиот континент. Тој во секој период од годината е исполнет со туристи кои доаѓаат од секој крај на светот. Тој се наоѓа на трето место на нашата листа на романтични градови, поради својот незапирлив и непобедлив шарм кој едноставно го опива секој посетител и жител. Архитектурата на овој град ќе ве зашемети и ќе ви го исполни срцето со магична топлина. Доколку сакате вистинско волшебно искуство, ви предлагаме да ја посетите Прага во зима. Овој град е крунисан со снег  и нешто што едноставно мора да се види барем еднаш во животот. Уживајте во шолја топло чоколадо, со лицето кое го сакате, додека ги набљудувате снегулките кои полека се спуштаат од небото.

4. Будимпешта

Будимпешта е најпотценетиот град на Европа. Во него нема многу туристи и не е често на листата најдобри градови, но сепак го крие својот шарм и го покажува само на оние кои се потрудат и кои тоа го заслужуваат. Ви предлагаме да го посетите овој град што порано, односно пред да го зафати масата од туристи од цел свет, бидејќи за брзо станува европски фаворит. Романтиката и магијата во овој град ве чекаат зад секој агол, само мора малку да се потрудите за да ги пронајдете и видите.

5. Виена

За австриската престолнина се пишува често од повеќе причини. Овој град кој е толку шармантен да едноставно не знаете кој дел прво да го истражите. Доколку сакате империјална архитектура, кочии и коњи, ноќи поминати во опера и посета на кралската резиденција, Виена е вистинскиот град за вас. Тој е исполнет со интересни куќички и улици кои феноменално го вклопиле старото и новото, модерното и историски важното.

6. Венеција

Венеција, како Париз, задолжителен дел од листата на најромантични градот. Овој италијански град сега е исполнет со туристи, па малку потешко може да уживате во сите негови убавини, во негово друштво само вашите сакани лица. Сепак, скриените места кои не се на дофат на рацете на сите туристи ве очекуваат доколку издвоите место за истражување. Голем број трговски центри, декориран е со кафичите и рестораните во кои понудата на пијалоци,посебно вина и храна е беспрекорна така да сме сигурни дека и вашата сакана личност ќе ужива во овој град, омилен меѓу заљубените парови.

7.Љубљана

Престолнината на Словенија исто така не е доволно ценета, како Будмипешта. Повеќето туристи кои ја посетуваат Словенија се упатуваат во близина на Блед, кој е шармантен но и Љубљана има доста од тоа да понуди.

8. Фиренца

Фиренца е еден од омилените италијански градови на бројните туристи ширум светот. Волшебното сонце над Тоскана, познатиот италијански чин и вашата сакана личност - комбинација која едноставно е непогрешлива. Единствен проблем кој може да го имате во овој град е фактот дека во него ќе се заљубите и никогаш нема да поскате да се вратите дома. Храна, вино, сирење, музика, амбиент ... Фиренца има се.

9.Цирих

Цирих е град кој луѓето често го сметаат за главен град на Швајцарија, иако таа титула официјално му припаѓа на Берн. Ова е омилениот град на посетителите на Швајцарија, но секако зависи кој прашувате. Голем број паркови, музеи и знаменитости и совршени мали кафичи се она што му дава вистинска доза  на романтика во која можете да уживате со вашата сакана личност. Цирих е преубав во пролет, но зимата си снежната прекривка му даваат магија која едноставно е неодолива. Во секој случај кога и да го посетите нема да згрешите.

10. Копенхаген

Удобно се сместете покрај огнот, уживајте во чаша квалитетно вино или богата топла чоколада, во прегратка на вашата сакана личност....звучи како рај, зарем не? Доколку оваа идеја ви се допаѓа, упатете се кон Копенхаген, еден од најромантичните градови на северна Европа и искусете ги неговите привлечности, во друштво на вашата сакана личност.

11. Барселона

Барселона е најпопуларната дестинација на Шпанија. Овој град привлекува масовен број на туристи со својот единствен шарм. Како и другите градови од нашата листа, Барселона има фантастична архитектура, интересна историја, незаборавни заоѓања на сонце и прекрасна храна.

2. Санторини

Последен на нашата листа е Санторини. Ова место е омилено одмаралиште на многумина од А листата, односно богати и славни лица. Многу го сметаат за најромантично место во Европа, поради еклектичниот изглед и типичните грчки атмосфери. Упатете се во овој град надвор од туристичките сезони и уживајте во него со сосемен нов начин во друштво на својата сакана личност. Она што сигурно ќе го откриете сигурно ќе ве импресионира.

И.Р