(ФОТО) Најскапиот апартман во Њујорк изгледа вака!
Објавено во: Стил 11 Ноември, 2014 20:50
На Менхетен се наоѓаат голем број познати згради, кои со голема количина на историја, на своите жители им нудат и луксузни погодности ...
Една од најпрестижните адреси на овој дел од Њујорк е секако The Pierre хотелот. Сега посетителите на Њујорк со длабоки џебови имаат шанса да изнајмат цел кат од овој хотел, заедно со Presidential апартман, за 500.000 долари месечно. Според оваа сметка, ова е најскапиот резиденцијален простор за изнајмување во Њујорк.
Покрај ултра луксузниот апартман, во овој пакет е и пристапот на сите други простории на овој кат, што ви дава вкупно околу 700 м2 животен простор, односно шест спални соби и шест толаета. Како шлаг на тортата е и пристапот со сите погодности на овој хотел: рум сервис два ресторани кои се во негови рамки, одржување и услуга на батлер, спа третмани во вашата соба, како и опција на изнајмување на приватен Pierre Jaguar.
Овој стан има чист поглед на Централ Парк, додека Jacqueline Kennedy Onassis Reservoir, George Washington мостот, Wollman лизгалиштето, и Plaza хотелот се гледаат од другата страна. Доколку поседувате помал куќен миленик - без гајле, и тој може да тргне со вас.
Доколку никој не сака да изнајми цел кат. постои опција за изнајмување само на Presidential апартманот за 400.000 долари месечно, додека оние кои сакаат да престојуваат во него пократко време може да платат 20.000 долари за една ноќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:










