09 Мај, 2024
0.0272

ФОТО: Најскапите мачки на светот

Објавено во: Стил 12 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Која цена може да ја достигне една мачка? Утврдување на цената зависи од расата, класата и потеклото, а цените од 400 до 1.000 долари се сосема прифатливи. Но ова е долниот праг за овие десет убави раси мачки... 10. Турска ван Цена: 400-1500 долари Сликата на оваа мачка беше избрана како симбол на кампањата за поддршка на членството на Турција во Европската унија. Причината е дека мачката чии диви предци живееле околината на езерото Ван, живее во многу европски семејства. Се проценува дека Миуза - мачката на пророкот Мухамед, била од оваа раса која имала очи во различни бои. 9. Ла Перм Цена: 500-4500 долари Оваа раса се појавила на една фарма во Далас, Орегон. Малите мачиња се раѓаат сосема голи, но само по неколку недели се покриваат со густи кадрици. Ла Перм се појавила како последица на генски мутации, но во нејзината татковина нашле друго, мистично објаснување- во реонот каде што се појавила Индијанците верувале дека е божицата Цагаглалал чии статуи потсетуваат на мачки. 8. Петербургска сфинга Цена: 700-3500 долари Петербургска сфинга е топла на допир, нежна, но силна и елегантна мачка со долги екстремитети и опашка. Расата  настанала во студениот Петербург, на шега се вели  дека оваа мачка че го даде и своето крзно за да го стопли тој што ја чува. И навистина, таа се одликува со посветен карактер и силна приврзаност кон својот сопственик. 7. Безопашата манск Цена: 750-2700 долари Како оваа мачка останала без својата опашка останува мистерија. Има верување дека мачката била последното животно што се качиле на Ноевата арка, па кога Ное ги затворал вратите, тој, без да сака, и ја искинал опашката. 6. Бурмила Цена: 800-4000 долари Се верува дека кога бароницата Миранда фон Кирхберг ја видела оваа мачка била многу лута, но подоцна сватила дека новата раса изгледа многу атрактивно со сребреното крзно слично на хермелин. 5. Тајгер Цена: 1000 - 5000 долари Многу љубители на мачките тајно им завидуваат на зоолошките градини, кои располагаат со најголемите членови на семејството: лавови, пантери, тигри. Така се појавила и оваа раса,  вистински тигар, но во минијатурата верзија. Идејата била, ако еден ден големите мачки исчезнат, да задржиме барем малку од нивната убавина. 4. Бенгалска Цена: 1100-4000 долари Бенгалските мачки доаѓаат од Азија и тука ја нарекуваат мачка леопард. Новата сорта мачки, признаена во 1991 година, настанала како резултат на намерно вкрстување на дивата азиска леопард мачка со домашната. 3. Мачка елф Цена :1300-3000 долари Дури и оние кои не ја прочитале трилогијата “Господарот на прстените" и не се запознаени со деталните карактеристики, знаат дека џуџиња се олицетворение на убавината. Но оваа расата мачки со истото име, напротив, произведува чудно чувство, а најмногу ја сакаат богатите ексцентрици. 2.Кao-мани Цена :1500-2500 долари Некогаш таква мачка можеле да имаат само членовите на благородничките фамилии. Во историјата постојат случаи кога човек, кој се осмелил да украде Као-мани, бил осуден на смрт. Таква суровост на казната е разбирлива: се сметало дека мачките од оваа раса привлекуваат материјалното богатство. 1. Савана Цена: 4000-20 000 долари Савана е најголемата и најскапа раса домашна мачка во светот. Се појавила во средината на 80-тите години на минатиот век, нејзините творци сакале да најдат замена, за да не се земаат повеќе диви мачки за домашни миленици.